X
 21.04.2016 Образование

Близнаци се примени на 56 колеџи и добија 1.6 милиони долари стипендија

Близнаците од Чикаго, Деприс И Шаприс Хант поставија високи стандарди за нивните соученици. И двајцата близнаци неодамна беа примени во 56 колеџи заедно и заработија 1.6 милиони долари од понудените стипендии.

 

1


Од 56-те колеџи, Шаприс била примена во 35 колеџи, од кои два и` нудат целосна стипендија додека пет училишта ја бараат да игра кошарка. Заработила 1.3 милиони долари во стипендии. Шаприс вели дека сака да оди на Државниот универзитет во Илиниоис или Источниот Универзитет во Илиноис и да учи и образование и психологија.

Деприс, кој е млад активист во Чикаго, бил прифатен во 27 колеџи. Тој заработил 300.000 долари во стипендии и добил две целосни понуди за стипендија.

„Мојата мотивација беше мојата мајка да не мора да плаќа ништо“, вели тој.

Неговиот избор е Морхаус колеџот, за кој вели дека е неговото училиште од соништата, а сака да студира изведувачки уметности и политички науки.

 

Во прилог на нивните писма и стипендии, близнаците можат да се пофалат со 48 награди кои ги добиле во текот на средното образование.

 




Близнаците Хант велат дека успехот го должат на нивното семејство, наставници и советници. Како што велат тие, лесно е да дозволите негативните стереотипи за црнците да ве погодат, особено во град како Чикаго. Токму затоа тие се одлучија да ја споделат нивната приказна - за да ги инспирираат другите да продолжат понатаму.

Близнаците велат дека се свесни како нивните соученици се соочуваат со финансиска криза, меѓу другите фактори и дека ова е еден од клучните фактори за нивниот неуспех. „Но, мора да бидеме упорни“, вели Шаприс. „Никогаш не се откажувајте. Замислете ја вашата иднина. Направете се горди себеси, но и вашето семејство“, додава таа.

Тие се надеваат дека секое дете, без разлика на расата или потеклото, ќе имаат можност да одат на факултет. Деприс вели дека важно е за него и неговата сестра да продолжат да го користат нивниот глас и да ги инспирираат другите тинејџери.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование