X
 21.04.2016 Живот

Нестабилност на Државата - Неспособност на владеачката елита или сурова борба за моќ

Обидот да се објасни една ситуација како неспособноста на владеачката елита иако е доста амбициозен сепак може да се согледа низ баналноста на клучните политички потези кои ги превзема одредена група на луѓе.



Согласно фактите кои ни се приложуваат денови наназад од продлабочувањето на оваа политичка нестабилност може да се примети дека неспособноста на една владеачка елита се гледа низ баналноста на политичките потези кои ги превзема и каналот низ кои што ги дистрибуира низ широките народни маси, а тоа се сите ниски средства во суровата борба за моќ или пак зачувување на главата на раменици преку најниските начини на манипулација до сега не видени од едно политичко битие.

Невештото манипулирање со народот, претставувајќи го како вистинска политика која треба да се следи заради зачувување на општеството и тоа преку користење на мегафони кои 24 часа 7 дена во неделата ја правдаат неспособноста на владеачката елита да ја согледа или да се изразам да ја прикрие суштината на проблемот со кои се носи нашето општество, а тоа е чирот со кој се носиме сите, предвесник на еден општ хаос... или веќе е општ хаос...

Во деновите во кои идат како мали дечиња скорнати од нивните родители претставниците на една политичка „елита“ ќе се сретнат на мирење во некогашниот центар на моќ во Европа, намерно го спомнав како центар на моќ затоа што таму на една тркалезна маса со посредување на Дипломати од Европа кои изморени од преписките ги повикаа овој пат на нивен терен да им ја одржат клучната и се надевам последна лекција во оваа бескрајна сага.

Неспособноста на владеачката елита да ја согледа ситуацијата и да сфати дека самата по себе претставува чир на желудникот со кој не можеме веќе да се носиме, додека странците се преполни со своите проблеми на домашно и на надоврешно поле е всушност голата борба за моќ, но овој пат не од желбата да се раководи со средствата на принудата туку од простата желба за спас на сопствената глава над која и виси гилотината која од ден за ден виси над нивните глави.

Неминовен е факотот :
Naše će sjene hodati po Beču, lutati po dvoru, plašiti gospodu. -  Гаврило Принцип

Автор: Емир Демировиќ

Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот