X
 22.04.2016 Живот

Земјата која ќе собира примероци од крв и плунка од секој жител и турист

Кувајт го носи туризмот во следното ниво, иако некои оваа одлука ја гледаат како чекор наназад.


Подоцна годинава, Кувајт ќе бара од своите граѓани, привремени жители и туристи да принесуваат примероци од својата ДНК за базата на податоци за безбедност вредна 500 милиони долари.

Законот за ова бил донесен во јули, еден месец откако бомбаш самоубиец на ИСИС уби 27 луѓе и повреди 227 во главниот град на земјата.


- Подготвени сме да подобриме било што за да ги подобриме мерките за безбедност во земјата - изјавува политичарот, член на парламентот, Џамал ал-Омар за „Agence France-Presse“.

Владата ќе собира примероци од крв и плунка од секој кој живее во Кувајт. Туристите ќе треба да ги принесуваат своите примероци пред да влезат во земјата.

Непочитувањето на законот ќе чини илјадници долари или затворска казна. Фалсификување на примероци ќе се казнува со затвор од седум години.

Министерството за криминални докази на Кувајт тврди дека базата на податоци нема да ги повредува личните слободи на луѓето, иако законот предизвикал критики од страна на јавноста.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот