X
 26.04.2016 Образование

Науката е алатка која ни овозможува раст и развој, а Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд го нуди најдоброто од оваа сфера

Дарко Арсовски е тековен студент на ЕМБА програмата на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ и стипендист од програмата Борис Трајковски од 2015 година. Студиите ги завршува паралелно со својот професионален ангажман, каде сега ги применува стекнатите знаења и овозможува поголем просперитет и деловна перспектива. За континуираното себенадградување како и за студиите на Универзитетот Шефилд вели дека образованието е алатка која овозможува раст и развој и од нас зависи колку сме спремни да се посветиме и да искористиме сè што оваа престижна научна институција нуди и да ги прифатиме предизвиците на отворениот пазар на труд на меѓународно ниво.

 

city-college

 

• Кои се Вашите досегашни видувања како тековен студент и стипендист за ЕМБА програмата на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд?

 

Најпрвин ќе признам дека сум позитивно изненаден од она што го нуди Универзитетот како преку образовната програма, така и преку искуството со висококвалификувани меѓународни предавачи. Професорите имаат различна позадина и, што е многу важно, дел од нив се професори по струка, додека дел се од реалниот сектор. Секој модул е презентиран „школски“ од едниот предавач, додека другиот преку лични примери нè подготвува за она што би нè очекувало кога ќе треба да го искористиме стекнатото знаење. Од друга страна ми се допаѓа што не се сите предмети нешто што сум го сретнал претходно на додипломските студии. Во наставата вклучени се часови на кои учиме како подобро да раководиме со обврските и со нашето време, како да се справуваме со стресни ситуации, како да работиме во тимови со различни позадини и искуства. При самото предавање некогаш тоа изгледа чудно бидејќи не сме научени на овој метод на едукација, но во првиот момент кога седнав на канцелариското столче забележав дека го практикувам стекнатото знаење за подобра комуникација со колегите, претпоставените и клиентите и точно знам на што треба да работам за да вредам повеќе на пазарот.

 

• Дали Вашите очекувања се адекватни на реалното искуство? Што посакувавте при апликација, што очекувавте кога ја добивте стипендијата и Вашата позиција во таа насока денес, една година подоцна.

 

При апликацијата посакував да ги смирам страстите дома каде долго ме убедуваа да запишам постдипломски студии и очекував само да ги „извозам“ студиите без посебен личен влог. За среќа се покажа дека оваа образовна институција нема да ми дозволи без труд да бидам меѓу такви колеги, пред таков наставен кадар. Уште од првото предавање менторите ни посочија дека тие се тука за нас и дека ќе дадат најмногу што можат за ние да излеземе од нивното предавање како подобри студенти, подобри бизнис-луѓе и подобри членови на научната фела, а од нас зависи колку сме ние спремни, желни и отворени да го прифатиме тоа што го презентираат.

 

Една година подоцна можам да кажам дека сум им благодарен на домашните што ме тераа да барам факултет за да го продолжам студирањето и на пријателката Искра што ми го посочи Универзитетот Шефилд и Меѓународниот факултет, Сити Колеџ.

 

city-college

 

• Што би сакале да споделите со нас поврзано со ЕМБА програмата на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд? Дали имате нешто да издвоите како дел од Вашето искуство?

 

Би го издвоил пивото после предавањата, па и би го споделил. :)

 

Може изгледа како шега ама сериозно пивото со колегите (и понекогаш професорите) после предавањата ми покажува колку вреди научната програма.

 

Во досегашното работно и образовно искуство по крајот на работниот ден продолжувавме со активности за реализација на приватните планови, кои најчесто се поврзани со пиво или кафе со пријатели, на кои целосно се одвојувавме од она што го учевме на наставата. За разлика од тоа по завршувањето на работниот ден во Сити Колеџот (а работниот ден трае 8 до 10 саати) сите колеги продолжуваме заедно на јадење и пиење во солунските локали и сите колеги разговараат за наученото, за начинот како тоа би се практикувало во својата работа, за своите досегашни искуства и тие односи продолжуваат да се негуваат и по завршетокот на викендот во Солун (или Софија, Белград, Киев, Будимпешта, зависно од нашите желби и слободни термини). Тоа, за мене е доказ дека материјата била успешно предадена и предавачите успеале да нè натераат да сфатиме нови работи за нас.

 

city-college

 

• Каде се гледате себеси во иднина? Дали оваа стипендија и студиите на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд Ви помогнаа на некој начин при Вашата самореализација?

 

Бидејќи работам во компанија која се занимава со продажба на апарати за чистење на индустриски, канцелариски, како и домашни простории, би сакал во догледна иднина да останам во неа. Сметам дека компанијата има голем потенцијал за раст и развој. До сега имавме 6 наставни модули на кои работевме во 6 научни полиња и после секој модул го имплементирам наученото во компанијата во која работам.

 

Кога ќе согледам дека не можам да понудам повеќе во оваа компанија ќе го продавам своето знаење во поголема компанија која има простор за раст. А за среќа ЕМБА програмата е меѓународно признаена и е високо вреднувана на европскиот пазар.

 

• И за крај, што би им препорачале на сите идни кандидати и студенти?

 

Би го цитирал големиот Mr. T - Don’t be a fool, stay in school!

 

Науката е алатка која ни овозможува раст и развој, а од нас зависи колку сме спремни да се посветиме на нејзиното изучување. Една од придобивките на денешното општество е што имаме можност да студираме буквално доживотно и во различни институции, а што повисоко е нашето формално образование толку е побрз нашиот раст во корпоративната пирамида. Факт е дека светот брзо се менува, нови пазари се отвораат секојдневно, побарувачката за високо-образован кадар расте, а со релативно низок финансиски трошок и релативно висок личен влог, за две години може да се добие образование на престижна научна институција која е глобално признаена и чија диплома отвора врати на меѓународниот пазар на труд.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование