X
 27.04.2016 Технологија

Доказ дека денешните паметни часовници се помоќни од компјутерите пред 16 години

Технологијата напредува со огромна брзина. Најновиот доказ за тоа е играта „Counter-Strike“.


Оваа видео игра кога излезе во 2000 година можеше да се игра само на најмоќните компјутери, но сега функционира и на паметен часовник на „Android“. Токму така, паметниот часовник кој може да го носите околу зглобот сега е моќен како компјутер пред 16 години.

Во видеото подолу, Дејв Бенет успева да ја игра играта на часовник од LG.

Ова секако не е најпрактичен начин да се игра оваа игра со оглед на тоа што екранот на часовникот е мал, но сепак е импресивно да се види дека еден часовник во себе содржи толку напредна технологија и совршено го покажува големиот напредок на технологијата.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија