X
 28.04.2016 Технологија

Facebook во војна со насловите од типот "Шокантно:", "Нема да ви се верува"...

Во борба за преживување, новинарските интернет-страници секогаш се трудат да пронајдат начин за поголема читаност на своите текстови. Меѓутоа, тоа не ѝ се допаѓа на компанијата „Facebook“.


Имено, компанијата неодамна објави дека во иднина ќе го мери времето за кое корисниците ги читаат статиите на чии линкови притиснале на оваа социјална мрежа, а алгоритмот потоа ќе процени дали во иднина текстовите од овие или слични интернет-страници ќе им бидат од значење на корисниците.

Компанијата објаснува дека колку повеќе време поминувате читајќи некој текст, толку е поголема веројатноста дека ви е интересен и дека ќе сакате да прочитате нешто слично и во иднина.

Оваа опција засега се однесува само на категоријата „Instant articles“ и статии прочитани на прегледувачот на телефоните.

Компанијата моментално се обидува и да пронајде начин да ги казни интернет-страниците кои објавуваат премногу често бидејќи на своите корисници во „News feed“ сака да им прикаже поразновидна содржина.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија