X
 01.05.2016 Образование

Децата треба да ги научите дека не може да добијат се` и веднаш

Модерните мајки „изгубиле компас“ и прават штета за општеството третирајќи ги своите деца како „богови“, смета познатата британска воспитувачка Рејчел Вадилоу во својата нова книга.


Ја сметаат за „гуру“ за воспитување на деца, а таа им помагала дури и на познатите дами да излезат на крај со своите малечки. Таа им помогнала на генерации родители со својот прирачник „The baby book“, кој во Велика Британија се смета за библија на родителството.

Вадилоу неодамна објавила нова верзија од книгата соодветно на општествените промени кои се забележуваат последните децении. Таа го критикува модерниот тренд на „приврзан“ родител, со кој бебињата спијат и јадат како по наредба. Исто така, таа смета дека мајките не треба да се чувствуваат виновни доколку не дојат.

„Формулата не е отров. Многу луѓе хранети со шише пораснале во здрави луѓе“, пишува таа.

„Јас не го оспорувам фактот дека децата се богатство, но сега воспитуваме генерација на мали богови, а тоа нема да доведе до развој на подобро општество. Изгубивме компас. Децата не смеат да мислат дека светот се врти околу нив. Ќе пораснат мислејќи дека светот им должи живот“, додава таа.

Таа смета дека мајките треба да одбегнуваат децата да ги држат на пиедестал во семејството и наместо тоа треба да се посветат на односот со својот партнер и останатите членови во семејството.

Рејчел Вадилоу (68) има три деца и е баба на шест внуци. Таа предавала на колеџот за воспитувачки „Д-р Барнардо“ 16 години и се залага за традиционални методи на родителство.

„Децата треба да научат дека не може да добијат се` веднаш. Бидејќи едното секогаш мора да чека, близнаците обично се многу пофини“, вели таа.

„Не треба детето да се остави да смрзнува, гладува или со часови неутешно да плаче. Тоа е злоупотреба. Зборувам за бебе со полн стомак во удобна колевка, кое треба да научи само да се смири и да заспие. Тоа е родителство.“


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование