X
 13.05.2016 Живот

Работи кои секоја девојка треба да ги знае пред да стане жена

zena

 

1. Игнорирај го советот „сакај го она што го работиш и никогаш повеќе нема да мораш да работиш во твојот живот“ - Да, важно е да избереш кариера во која ќе бидеш добра и која ќе ти причинува задоволство, меѓутоа некогаш работата е работа.


2. Остани на училиште - Факултетот не е за сите, меѓутоа важно е да знаеш дека училиштето е фондација за многу повеќе од само работно место. Тоа е место кое нуди искуство во учењето и за тоа како да се справиш со притисокот и како да работиш со другите.

3. Сакај се себеси - Кога се чувствуваш осамена во светот, ќе сфатиш дека имаш голема предност кога си пријател со самиот себеси.

4. Верувај во магија - Пронајди нешто нематеријално кое ќе направи твоето срце да „потскокнува“ од време на време. Прашувај се за ѕвездите. Погледни во месечината. Прашувај прашања кои немаат очигледни одговори.

5. Носи накит - Накитот даден со љубов може да има моќен начин кој потсетува дека треба да ја држиме главата горе кога сакаме да паднеме и да останеме таму.

6. Купувај си накит - Не чекај некој друг да ти купи или даде нешто посебно.

7. Доведувај го во прашање авторитетот но почитувај ги правилата - Не ти се допаѓаат правилата? Обиди се да ги промениш и со тоа да го направиш светот подобар.

8. Вежбај - Движи го твоето тело на начин на кој ќе уживаш секојдневно.

9. Готви и јади со луѓето кои ги сакаш - Со ова секој ден ќе ти биде посебен и вреден.

10. Храни се - Храни се себеси и твојата душа со добри книги, песни и разговори кои ќе те насмеат и исполнат.

11. Храни ги другите - Пронајди радост во давањето комплименти, прегратки и солзи.

12. Плачи ако сакаш.

13. Не води борби со косата
- Не вреди. Постојат толку многу други работи во животот вредни за борба, но косата не е една од нив. Прифати го она што го имаш и работи со него наместо против него.

14. Кажи „не знам“ тогаш кога не знаеш - Со тоа, кога знаеш вреди многу повеќе.

15. Не купувај вага.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот