Секој четврти матурант планира да се запише на студии во странство. Тоа го дознавме од анкетата за идни студенти која ја спроведовме изминатата недела. На анкетата ги прашавме матурантите кој е нивниот прв избор на студии. 66,9% од нив одговорија дека планираат да се запишат на државен универзитет, додека 6,5% ќе студираат на приватен универзитет. Дури 24,5% од нив изјавиле дека ќе студираат во странство. 2% ќе се запишуваат на висока школа.
Од студентите кои планираат да студираат на државен универзитет, најголем дел од нив ќе студираат на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, поточно 73,6% од нив. 14,2% го одбрале универзитетот „Гоце Делчев“, додека 10,3% се одлучиле за универзитетот „Св. Климент Охридски“. 1,9% планираат да се запишат на универзитетот „Св. Апостол Павле“, а ниту еден од испитаниците не го одбрале државниот универзитет во Тетово.
Кога станува збор за приватните универзитети, студентите се поделени. Најголем процент (20%) би се запишале на Универзитетот за Туризам и менаџмент, потоа следат Американ колеџ (18%), Меѓународниот Славјански (15%) и Европскиот универзитет (13%),..
На УКИМ, најпопуларен факултет во моментов е Медицинскиот факултет.
13,4% од испитаниците изјавиле дека тоа е првиот избор за нив. ФИНКИ е втор најпопуларен избор со
13%. Правниот факултет се наоѓа на третото место со
10,7%, а Филозофскиот факултет е веднаш по него со
8,8%.
Популарни избори се и Економскиот факултет, ФЕИТ, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ПМФ и Машинскиот факултет.
Целосната листа на факултети според популарноста изгледа вака:
1. Медицински факултет (13,%)
2. ФИНКИ (13%)
3. Правен факултет (10,7%)
4. Филозофски факултет (8,8%)
5. Економски факултет (6,9%)
6. ФЕИТ (6,5%)
7. Филолошки факултет (5,7%)
8. ПМФ (5,4%)
9. Архитектонски факултет (5%)
10. Машински факултет (5%)
11. Факултет за земјоделски науки и храна (2,7%)
12. Градежен факултет (2,3%)
13. Фармацевтски факултет (2,3%)
14. Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер (1,9%)
15. Технолошко-Металуршки факултет (1,5%)
16. Факултет за ликовна уметност (1,5%)
17. Факултет за драмска уметност (1,5%)
18. Педагошки факултет (1,1%)
19. Воена академија (1,1%)
20. Стоматолошки факултет (0,8%)
21. Факултет за музичка уметност (0,8%)
22. Шумарски факултет (0,4%)
23. Факултет за ветеринарна медицина (0,4%).
Доколку не бидат примени на тој факултет, најпопуларни опции за втор избор за матурантите се ФЕИТ (8%) и Правен факултет (8%).
Целосната листа на популарност на факултетите при УКИМ како втор избор изгледа вака:
1. ФЕИТ (8%)
2. Правен факултет (8%)
3. ПМФ (7,6%)
4. Филозофски факултет (7,1%)
5. Воена академија (7,1%)
6. Економски факултет (6,7%)
7. Филолошки факултет (6,7%)
8. Медицински факултет (6,3%)
9. Архитектонски факултет (5,8%)
10. Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер (5,8%)
11. Педагошки факултет (5,4%)
12. ФИНКИ (4,5%)
13. Машински факултет (3,1%)
14. Фармацевтски факултет (3,1%)
15. Градежен факултет (2,7%)
16. Факултет за физичка култура (2,2%)
17. Стоматолошки факултет (1,8%)
18. Технолошко-Металуршки факултет (1,8%)
19. Факултет за земјоделски науки и храна (1,8%)
20. Факултет за ликовна уметност (1,3%)
21. Факултет за музичка уметност (1,3%)
22. Шумарски факултет (0,9%)
23. Факултет за драмска уметност (0,4%).
Кога се работи за УКЛО, најпопуларен факултет е Економскиот факултет во Прилеп - 38,8% од испитаниците се одлучиле за овој факултет. По него следуваат Факултетот за безбедност во Скопје со 28,6% и Техничкиот факултет во Битола со 12,2%. Истите три факултети се најпопуларен втор избор на студентите доколку не бидат примени на првоизбраниот.
На УГД, најпопуларни факултети како прв избор се Факултетот за медицински науки (20,8%), Филолошкиот факултет (12,5%) и Економскиот факултет (12,5%). Како втор избор, најпопуларен е Економскиот факултет. 20,5% го одбрале како втор избор.
Популарни избори како втора опција се и Факултетот за медицински науки (13,6%), Земјоделскиот факултет (11,4%), Педагошкиот факултет (11,4%) и Факултетот за природни и технички науки (11,4%).
Кога станува збор за универзитетот „Св. Апостол Павле“, 50% од испитаниците го одбрале Факултетот за компјутерски науки и инженерство. Како втор избор, пак, најпопуларен е Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност.