X
 21.05.2016 Економија

Која е девојката од Македонија која се најде на листата на 100 најуспешни жени претприемачи во Европа?

Магазинот „The Hundert“ од Берлин, направи листа на 100 успешни жени основачи на бизнис од 40 европски земји. Со желба да ги инспирира жените да изградат свои компании, магазинот ги претстави разновидните основачки приказни на жените и го промовираше нивниот успех.


Фото: Илија Зоговски


Светот на бизнисот обично му припаѓа на мажите, со што женските основачи се во сенка. Европската старт-ап компанија „МonitOr“ наведува дека помалку од 15% од европските старт-ап компании се основани од жени. Тимот од „Hundert“ го смета ова за неприфатлвио, и сака да го промени тоа насочувајќи го вниманието на 100 инспиративни жени чии различни приказни го одразуваат духот на сегашната генерација на женски старт-ап основачи во Европа. Со нивните различни мотиви и приказни, овие жени се вистинскиот идол и инспирација за сите жени, со оглед на тоа што започнале и успешно водат сопствена компанија.

Помеѓу 100-те најдобри се најде и Македонката Нина Ангеловска која е ко-основач и извршен директор на „Групер Македонија“. Нина Ангеловска е 27 годишен претприемач која ја лансираше првата платформа за договор во Македонија во 2011 година и со тоа го трансформираше пазарот за е-трговија. Додипломските и постдипломските студии ги заврши на Економскиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј. Моментално работи на нејзиниот докторат, и праксата ја претвора во практика. Денес, Grouper.mk е водечка веб страна за е-трговија во Македонија со тим од 15 луѓе.

„Уште како мало девојче мајка ми ме научи да се стремам кон знаењето и да бидат најдобра во она што го правам. Во текот на моите студии бев посветена на учењето и станав заинтересирана за е-трговијата. Исто така бев возбудена кога стануваше збор за натпревари и сметав дека преку нив ќе се докажам себеси. На 21 година победив на натпреварот„Најиновативниот бизнис план“ и добив финансиски средства со кои можев да започнам сопствен бизнис. Полна со енергија и амбиција, бев подготвена да ги искористам можностите и да влезам во бизнис светот. Новиот бизнис модел за групно купување се чинеше како совршен иницијатор за развој на е-трговијата во мојата земја. Ја лансирав страната во период кога помалку од 1% од населението купуваше онлајн. Онаму кадешто другите гледаа пречки, јас гледав предизвик да го променам пазарот на е-трговијата. Не беше лесно, но секоја надмината пречка не` направи посилни и помудри. Со напорна работа, мотивиран тим, добра организација, постојано учење, поддршка од пријателите и семејството и малку среќа, можете да постигнете се` што сакате (и тоа може да биде забавно)!“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија