X
 23.05.2016 Образование

Мотивација за успешна сесија: Вашето образование е генерална проба за животот кој треба да го водите самите

Мотивацијата никогаш не може да наштети, особено во текот на испитната сесија, кога е повеќе од добредојдена. Следниве инспиративни изреки ќе ви помогнат успешно да ја завршите оваа сесија.



„Затоа ти велам, заборави за краткиот пат. Ако навистина сакаш да леташ, искористи ја моќта за твојата страст. Почитувај го твојот повик. Секој го има. Верувај му на срцето и успехот ќе дојде по тебе.“ - Опра Винфри

„Порано за Холивуд мислев дека сигурно има илјадници девојки кои седат сами и сонуваат да станат филмски ѕвезди. Но јас нема да се грижам за нив. Јас сонувам најмногу.“ - Мерлин Монро

„Наместо да се обидувате да го направите животот совршен, дадете си слобода да го направите авантура и секогаш одете нагоре.“ - Дру Хјустон, претприемач

„Следете ја својата страст. Останете тоа што сте. Никогаш не следете нечиј пат, освен доколку сте во шума и сте се изгубиле и гледате пат. Дефинитивно треба да го следите тоа.“ - Елен Деџенерис

„Никој не сака да не успева, но неуспесите се основен дел од животот и учењето. Ако вашата униформа не е валкана, не сте биле во играта.“ - Бен Бернанки

„Запомнете дека креативноста е интелигенцијата кога се забавува.“ - Алберт Ајнштајн


„Вашето образование е генерална проба за животот кој треба да го водите самите.“ - Нора Ефрон

„Ако слушнете глас што вели дека не може да цртате, тогаш дефинитивно треба да цртате и тој глас ќе биде замолчен.“ - Винсент Ван Гог

„До среќата не може да се патува, таа не се поседува, заработува, носи или консумира. Среќата е духовно искуство за живеење на секоја минута со љубов, милост и благодарност.“ - Денис Вејтли
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование