Останува уште една недела да одговорите на еден од најкреативните предизвици во
последните години и да освоите 10.000 долари. Целта е да се најде одговор на едно од
најважните прашање на денешницата - како да се справиме со климатските промени и како
најдобро да се прилагодиме на нив. Климатскиот предизвик е отворен за сите граѓани на
Македонија. Целта е да ја развие иновативноста и да го поттикне населението да смислува на
иновативни проекти. Наградата за најдоброто решение е 10.000 американски долари, а
крајниот рок на поднесување на апликациите е 1 јуни.
Сите што ќе понудат решение треба да размислуваат на темите: борба против климатските
промени, намалување на загадувањето, заштита на зелените површини и намалување на
цврстиот отпад. Климатскиот предизвик е пред се од урбан карактер, бидејќи градовите
денес се главни причинители на климатските промени, а истовремено се соочуваат со
сериозни ризици, вклучувајќи поплави и екстремни временски појави.
Климатскиот предизвик е поддржан од страна на Програмата за развој на Обединетите нации
(УНДП) и Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД),
во соработка и со Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно
планирање, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско
инженерство.
Од грантот од 10.000 долари, 1.000 долари ќе бидат доделени како парична награда, додека
останатите 9.000 долари предвидени доделени на победникот во форма на придонеси, за да се
овозможи развојот на идејата во прототип на решение.
Потврда за тоа колку е успешен овој проект и применлив во реалноста се двете
минатогодишни победнички идеи - паметни влошки за обувки кои може да служат за
полнење на телефони и серија на вирални видео клипови за да подигнат јавната свест за
климатските промени. И двата се веќе успешно развиени во прототипи.
Доколку се сметате за иновативна и креативна личност без двоумење пополнете ја
електронската апликацијата на следниов линк:
http://odtebezavisi.mk