X
 26.05.2016 Економија

Ново од НЛБ банка: Трансакциска сметка може да отворите и од мобилен



За да отворите трансакциска сметка повеќе нема потреба да одите во банка, тоа можете да го направите и преку вашиот мобилен телефон. Ова го овозможува новата „мКлик“ која што денеска ја промовираше НЛБ банка.

Преку оваа апликација, клиентите на банката можат да плаќаат сметки, да си ја проверат состојбата на картичките, да видат колку рати од кредитот им останале, да купуваат преку интернет. Односно, можат да ги извршуваат сите банкарски услуги само со неколку кликови на мобилниот телефон.

Освен апликацијата „мКлик“, НЛБ банка ги промовираше и новите „Кеш-ин“ банкомати, кои освен за вадење готовина, може да се користат и за уплати на сметка, плаќање рати за кредит или па за внесување на деневен пазаодир од страна на фирмите. Сите овие операции можат да се извршуваат во кое било време од денот, секој ден во неделата.

Од НЛБ банка велат дека услугите се своевиден предвесник во дигитализацијата на банкарството во земјата, со што на минимум се сведува потребата за одење во банка. - Со „мКлик“ мобилното банкарство клиентите заштедуваат време и финансиски средства и може да ја завршат потребната работа без оглед на работното време на експозитурите. Оваа услуга значи и пониски провизии за електронски налози од 50 до 70 проценти во однос на хартиените налози извршени во експозитурите на банката - изјави Антионио Аргир, директор на НЛБ банка.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија