X
 28.05.2016 Образование

Работи што ќе ги научите на факултет, а немаат врска со предавањата

На факултет сигурно ќе научите многу работи кога станува збор за вашата идна кариера и професијата, но ќе научите и некои работи кои апсолутно немаат никаква врска со предавањата и професијата.


Дека треба да најдете време за она што го сакате

Бидете искрени и потрудете се да се занимавате со она што навистина го сакате. Ако тоа е спорт, тргнете во таа насока. Не обрнувајте внимание на она што го прават другите и со што се занимаваат другите. Вие следете ги сопствените соништа и желби. Не слушајте никого, не дозволувајте да ве допираат некои негативни коментари дека нема да успеете. Следете ги своите желби, само тоа е важно.

Дека не мора да бидете добри во се`

Никој не е совршен и никој не може да биде добар во се`. Не морате ниту вие да се трудите да бидете добри во се`, но може да се обидете во се`. Како ќе знаете во што сте добри ако не пробате?

Дека треба да се гордеете со својата работа

Автоцензурата е најголемиот проблем на луѓето. Без оглед на тоа што го работите, дали сте спортист, уметник, музичар, уличен изведувач... што и да работите и какви и резултати да добивате, мора да бидете горди на својата работа и своите успеси. Доколку вие не бидете горди на својата работа, како може да очекувате другите да бидат?

Дека не мора да бидете пријател со сите за да бидете среќни

Среќата ја сочинува мала, но одбрана група на добри луѓе. Не мора да бидете пријател со сите на факултетот. Добрите пријатели тешко се наоѓаат и уште потешко се задржуваат. Тоа се врски кои се градат и кои се негуваат.

Дека треба да цените конструктивна критика

Искористете ја секоја конструктивна критика за да станете подобри. Секако, притоа се мисли на вистинската и искрена критика која има цел да ви помогне да се усовршите, а не злобни коментари на незадоволни колеги и слично. Доколку некој има добра волја да ви помогне да станете подобри, треба да им бидете благодарни.

Дека не треба да губите нерви на глупости

Колкупати сте се нервирале за глупости? Секако, нам ни се чини дека тоа е голем проблем во моментот, но следниот пат, избројте до 10 пред да реагирате импулсивно и размислувајте со студена глава.

Дека луѓето, впрочем, не ги интересира што правите

Колку и да ви изгледа дека луѓето ве набљудуваат и следат, тоа веројатно не е вистина. Луѓето се љубопитни, но малку се оние кои искрено се интересираат за се` што прават останатите. Секој има сопствени грижи и свој живот за водење.

Дека никој нема да ве усреќи освен вие самите

Среќата зависи од вас самите. Ако не сте задоволни со сопствениот живот, не очекувајте дека некој друг ќе ве направи среќни. Врските се тука за да го направат животот целосен, а не да го сочинуваат нашиот живот. Затоа, не се обидувајте да најдете некој кој ќе ве „поправи“ и не влегувајте во врски само од страв дека ќе останете сами. Целиот живот е пред вас, а пред се` треба да ја пронајдете среќата во вас самите.

Дека треба да бидете упорни

Упорноста е карактеристика која би требало да ве краси. Сега е вистинско време да ја добиете. Доколку сакате нешто, држете се до тоа и тежете кон таа цел, без оглед колку пати сте биле одбиени или колку пати ќе ви кажат дека тоа не е доволно добро. Ако сте подготвени да вложите време и работа, резултатите ќе дојдат.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование