X
 30.05.2016 Култура

Во Швајцарија казни за муслиманските ученици кои ќе одбијат да се ракуваат

казна

 

Во Швајцарија овие дена се донесе закон кој забранува муслиманските ученици да одбијат да се ракуваат со професорите. Она што првично изгледало како безначаен приватен проблем на двајца ученици во едно училиште, резултира како прашање кое стигна до државните експерти и прерасна во проблем кој го засега целиот свет.


Во Тервил, град во северна Швајцарија, пред неколку месеци двајца ученици одбиле да се ракуваат со професорката. Со оглед на тоа што ракувањето е дел од швајцарската култура и начин на кој професорите некогаш се поздравуваат со учениците, а учениците тврдат дека тоа се коси со нивните религиски верувања, случувањето предизвика прилично доста реакции.

Привременото решение им овозможи на учениците да одбијат да се ракуваат со професорите, но и на двата пола, за да не се предизвика можна дискриминација. Но, случајот се реши на сосема различен начин. Казната која би им следувала доколку учениците одбијат да се ракуваат со професорите достигнува до 5.000 долари.

Нивната одлука да не се ракуваат ја поддржаа и членови на на Џамијата на кралот Фајсал, токму онаа џамија во која нивниот татко води молитва и која се нарекува радикална, а тој се нарекува фундаменталистички муслиман. Учениците се повикуваат на слободата на вероисповед, и како проблем во забраната за одбивање да се ракуваат ја гледаат токму дискриминацијата. Тие сметаат дека законот врши дискриминација над муслиманското население. Еден член на џамијата изјави дека одбивањето да се ракува муслиман служи за заштита на жената. Според неговите изјави, во исламот дошло до ослободување на жените - со одржувањето далечина и без никаков физички контакт жените не се гледаат како сексуални објекти.

„Младите и здрави мажи секогаш се спремни за секс - тие секогаш можат да бидат испровоцирани од жената. Но, ова воопшто не е здраво. Може да заврши како болест. Кога мажите се постојано возбудени, тоа е на пример лошо за простатата“, објаснува членот на џамијата Араб, кој воопшто немал проблем кога се ракувал со новинарката.

Од друга страна пак, властите сметаат дека нивна должност е да им се покорат на општествените обичаи на државата во која се наоѓаат, особено бидејќи доаѓаат од Сирија во Швајцарија, а не обратно. Кога се во Рим, се однесуваат како Римјани. Дури и ако тоа значи поздравување со жена.

Главниот аргумент на учениците паѓа во вода кога ќе сфатите дека ниту еден дел од Куранот не споменува ракување со жена, ниту пак избегнување муслиман да се ракува со жена.

Истото го кажа и Араб, а учениците се за тоа свесни. И самите кажаа дека не постои ништо во Куранот за ракување со жените, меѓутоа тие се огледуваат на пророкот Мухамед кој немал никаков физички контакт со понежниот пол, освен со неговата жена. Исклучок се, секако, жените од семејството.

За случајот се изјаснила и Федерацијата на швајцарските исламски организации. Тие изјавија дека ракувањето со жена и маж теолошки е дозволено и се практикува во некои муслимански земји такашто не би требало да претставува проблем ниту во Швајцарија.

Помладиот ученик, 14 годишниот Н. на својот Фејсбук профил споделил видео од Исламската држава. Но, тој се брани дека во времето на поставувањето на видеото тој имал само 12 години и воопшто не знаел за Исламската држава.

„Мојот брат и јас сме апсолутно против ИСИС. Исламот забранува убивање на луѓе“, вели тој.

Освен законски и морални, овој случај ќе има и трајни последици, особено на нивното семејство. Иако во Швајцарија се преселиле во 2001 година кога им бил загарантиран азил, швајцарската влада, поради овие настани го запрела нивното барање за стекнување на државјанство.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура