X
 02.06.2016 Образование

Масовни протести ширум Хрватска: "Не сакаме нашите деца да ги полнат автобусите за Германија"

Вчера, над 25.000 Хрвати протестираа за поддршка на продолжувањето на спроведување на сеопфатни реформи на образованието во Хрватска. Протестите се одржаа во Загреб и во другите градови низ земјата.

 

protesti


За време на протестот учениците се изјаснаа дека не сакаат да бидат во заложништво на неодговорноста на политичките елити и на наставниците и сакаат училишта од кои ќе излезат образовани и слободоумни деца.

Под слоганот „Хрватска може подобро!“ протестантите порачаа дека централно десничарската влада премногу се меша во планирањето на образованието, а причина за протестите беше тоа што експертската група која ја организира реформата, се повлече од проектот. Групата беше поставена од претходната централно левичарска влада а нивната цел беше да ги модернизираат училиштата и да им овозможат на учениците да се стекнат со вештини потребни за пазарот на трудот.

 

1


На протестите, познатиот наставник од Сплит, Тони Милун одржа говор за иднината на образованието и општеството и апелираше дека Хрватска не смее да ја пропушти есента, кога започнуваат експерименталните реформи. Ученикот Карло пак, порача дека доаѓа на протест за јасно и гласно да каже дека учениците на Хрватска не сакаат да бидат заложници на неодговорностите на политичката елита.

„Ние не сакаме да бубаме, туку да мислиме и да создаваме, ние не сакаме тапо да повторуваме туку да расправаме“, порача Карло, претседател на националниот хрватски совет, легитимно претставничко тело на научници во земјата.

 

protesti


„Ги повикувам да ги тргнат своите шепи од процесот во кој се вложени доброволни работни часови, мака, желба, знаење. Бидејќи, ако не веруваат нека погледнат во очите на просветните работници и децата додека ние со чисто срце им порачуваме: - Хрватска може подобро, погледнете колку не' има“, порача Карл.

Министерот за наука, образование и спорт Предраг Шустар во средата изјави дека нема намера да даде оставка, а на протестот не присуствува бидејќи има други обврски.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование