X
 03.06.2016 Интервјуа

Интервју со Атанас Кочов, кандидат за ректор на УКИМ: Универзитет во чекор со времето - иноватоивност,креативност, претприемачки дух

Универзитетските професори Атанас Кочов, Ненад Новковски, Александар Димитров, Никола Јанкуловски, Коле Василевски, Елена Думова Јованоска се кандидатите за изборот на нов Ректор на УКИМ. Нов ректор законски треба да се избере до 15 јули. Факултети.мк. ќе објави интервјуа со кандидатите, а сите ќе одговараат на исти прашања. Ќе имате можност да ги прочитате и нивните програми за работа со кои се кандидираат за оваа функција

Професор Атанас Кочов е актуелен декан на Машинскиот факултет и редовен професор на истиот. Дипломирал на Машински факултет на УКИМ, каде исто така магистрирал. Докторските студии ги завршил на Универзитетот Вашингтон, Сиетл, САД, како и на Машинскиот факултет во Скопје. Автор е на бројни научни и стручни трудови, како и учебници.


Факултети.мк: Кои ќе Ви бидат приоритетите ако станете ректор на УКИМ?


- Голем е предизвикот да се биде кандидат за Ректор на реномирана институција како што е Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Искрено и одговорно тврдам дека тоа ми дава уште повеќе енергија и сила да дадам сé од себе за да понудам предлог програма за работа со која сметам дека нашиот Универзитет во мандатниот период 2016-2020 ќе продолжи со својата мисија и развој во нагорна линија. Притоа, ќе се постави, зацврсти и етаблира како никогаш досега, во незаминлив и значаен фактор за креирање на севкупните општествено-економски, политички и развојни планови на Република Македонија при реализацијата на нејзиниот пат кон Евроатлански интеграции. Претстои значаен период во кој Универзитетот мора да продолжи да ја зацврстува својата универзитетска автономија загарантирана со Уставот на Република Македонија, во правец на сопствена структурна организација, финансиска независност и во слободата на одлучувањето. Мојата визија за консолидирање и понатамошен развој на УКИМ се темели на следните основни столбови: Мобилизирање на сите расположливи капацитети во рамките на Универзитетот, со цел да го воведеме Универзитетот во групата на први 500 универзитети, согласно Шангајската листа на рангирање на универзитети; Консолидирање и зајакнување на интегративните функции на Универзитетот; Стимулирање на меѓународна соработка и научноистражувачка дејност и уметност; Студент- партнер во дејноста на Универзитетот; Нов современ модел на претприемачки Универзитет за 21 век и Зајакнување на поврзувањето на Универзитетот со бизнис заедницата. Притоа, сите единици на Универзитетот ќе ги води исто мото: „Да бидеме во чекор со времето - да водиме процес на создавање на квалитетен високообразован кадар, подготвен со знаење, иноватоивност,креативност, уметност и претприемачки дух.

ЛИНК до програмата на проф. д-р Атанас Кочов


Факултети.мк: Високото образование во последните петнаесеттина години доживеа многу промени, некои позитивни, некои негативни, кои се според Вас најголемите грешки кои државата, но и Универзитетите ги направија во високото образование?

- Во текот на изминатата декада, се случија многу промени во системот на високото образование и државните политики кои се однесуваат на истотото. Сметам, за да постигнеме одржлив развој на Македонија, неопходно е што поскоро да се постигне издвојување на високото образование и технолошкиот развој од другите два степена на образование, основно и средно образование и формирање на посебно Министерство кое ќе има задача да работи и да помогне во мобилизирање на Универзитетите, во нивниот многу “поагресивен” настап на домашен и меѓународен план во вмрежување, подготовка на меѓународни проекти, уметнички и културни настапи надвор од земјата. На тој начин, директно ќе се допринесе во имплементација и реализација на повисоки академски критериуми на високо образование и наука, уметничка и апликативна дејност, ќе се придонесе за побрз општествено-економски и технолошки развој на Државата. Во таа насока, иновативноста на Универзитетите мора да биде примарна, а излезите од Универзитетот да бидат поврзани со социјалниот, економскиот и културниот развој на Република Македонија. А, кога сето ова ќе биде поддржано и со донесување Стратегија за развој на високото образование, наука и технолошки развој, во која јасно ќе бидат поставени темелите на идниот развој на Универзитетите како фактор за развој на високото образование, но и севкупните текови за општествено-еконосмкиот, технолошки развој на Макеоднија, односно Универзитет- моторна сила за одржлив развој на Македонија. Со ваква политика и донесување на нов Закон за високото образование и други релевантни законски акти, стратегии и стратешки документи за период од најмалку 10 години, а кои се целосно поврзани со високото образование, научната и уметничка дејност, со технолошки развој на основа на имплементирани научни сознанија во сите сфери на живеење, нема да се соочуваме со проблеми од видот на нецелсоно имплементиран Болонски ситем во високото образование, со национална рамка на квалификации која е несоодветна на студиските програми кои ги нудат универзитетите, несоодветен и недефиниран начин на финансирање на високообразовните институции, со несоодветни критериуми за избор во наставно-научни звања, како и нессодветни услови за креирање на курикулуми и студиски програми, кои не одговараат на пазарот на трудот, домашните услови за студирање или светскиот тренд на научен развој и слично. При точно дефинирани законски услови на финансирање, правила и критериуми за реализација на наставниот и научниот процес, како и уметничките дејности, при дефинирани услови за капитални инвестиции согласно стратешки документи за развој на Универзитетите, а кои се изработени од научните институти и факултетит при самите Универзитети, како и со посебен осврт на обезбедување фонд за школарини и субвенции, фонд за научноистражувачка и уметничка работа, фонд за студентски стандард, успехот во развојот на високото образование ќе биде гарантиран.

Факултети.мк: Еден од најголемите предизвици на нашиот високо образование беше воведувањето на Болоња. Што ни донесе овој систем?

- Во однос на Болонскиот систем на образование, не само кај нас, туку и во Европа постојат различни мислења и методологии на имплементација! Мислам дека е време Универзитетите во Македонија, во соработката со ресорното министерство да направат една сеопфатна анализа на досегашните искуства и практики од примена на Болонскиот процес, целосна евалуација на процесите и дури тогаш да се отвори темелна дебата или конференција на тема Болоња и нејзина примена и перспективи. Секој друга дискусија би била дискусија и коментари кои нема да темелат на аналитичност! Имено, Болоњскиот систем меѓудругото, подразбира и хоризонтално поврзување на Европските универзитети и Факултети. Затоа, и Универзитетите во Македонија мора да обезбедат поширока и повистинска соработка со Европските универзитети, со цел унапредување на образовните стандарди во високото образование од една страна и подобрување на студентскиот стандард од друга страна преку зголемена мобилност на студентите на други Универзитети од странство. Во суштина тоа е и темел на Болоњскиот систем. На тој начин ќе се допринесе кон создавањето на единствен европски образовен систем во кој Македонија ќе биде нераздвоив дел. И токму затоа, и студиските програми кои се усвојуваат од страна на Одборот за акредитација мора да бидат одраза на потребите на државата за обезбедување на одржлив развој! И не само тоа, туку и целосно спроведување на системот на евалуација од независно тело кое критички ќе се осврне на начинот на реализација на студиските програми од страна на Унверзитетите. Секој систем после одреден временски период треба да претрпи одредени промени! Имено, и теоријата јасно покажува дека оптимален животен век на одреден производ, е 10-12 години, а потоа е неопходно да се направат одредени промени во производот за да може да се одржи на пазарот. Исто е и со Болонскиот процес, после 10 години примена во Македонија, на основа на темелни анализи треба да се одредат правците на идните процеси на имплементација. А всушност тоа мора да биде и вградено во нов Закон за високото образование во Република Македонија, закон кој ќе обезбеди услови за уште поголемо унапредување на капацитетите на Универзитетот, унапредување и осовременување на наставните планови и програми, воспоставување на систем за обезбедување на висок квалитет и подобрување на наставно-образовниот процес, спроведување на процес на целосна внатрешна евалуација на студиските програми, системи на квантификација на активностите на високообразовните институции и спецификите на образовниот и научноистражувачкиот простор во Македонија. Мислам дека Стратегија за образование и наука – Македонија 2030 е решение за тоа!

Факултети.мк: Ако Ве изберат за ректор, што ќе превземете нешто во врска со хиперпродукцијата на магистри и доктори на наука?


- Доколку тежнееме кон одржлив развој на нашата држава, во тој случај мораме да продолжиме по патот кој е трасиран од нашите претходници, а кој е насочен кон главната цел - да придонесеме во процесот на поставување повисоки академски критериуми на образование и наука, применлива, апликативна и уметничка дејност кои ќе придонесат за побрз технолошки и општествено–економски развој на Македонија. А, тоа може да се постигне само со имплементација на резултати од научни истражувања! Затоа, како Ректор, ќе се борам со сето свое знаење, моќ и меѓународни контакти, постојано да обезбедувам што е можно поголема и зајакната мрежа на научна соработка со странски Универзитети и голем број на одобрени меѓународни научноистражувачки проекти. Притоа, во нив ќе бидат вклучени голем број на млади истражувачи кои ќе бидат студенти на втор или трет циклус на студии, магистерски, односно докторски студии. Тврдам, дека доколку сакаме резултати од научни истражувања, мораме да се мобилизираме како Универзитет да ги поддржиме идеите и апликциите за научни истражувања, да ја зголемиме мрежата на пријатели-партнери за истражувања, и во тој случај на зајакната меѓународна соработка-никогаш не е доволен бројот на млади истражувачи вклучени во истражувачкиот процес. Што поголем број активни истражувачи, толку поголеми се можностите за постигнување резултати кои многу ќе значат за нови технолошки иновации и технолошкиот развој. И, ако на сето тоа се додаде Универзитетската поддршка за младите магистранти и докторанди со отварање на Универзитетски Кариерен центар, Центар за трансфер на технологии и се поддржи отварање на нови спин офф компании произлезени од научните истражувања во рамките на магистерските и докторските дисертации, успехот за одржлив развој на Македонија ќе биде гарантиран. А за сето тоа да се постигне, мојата политика за развој на науката на Универзитетот ќе биде насочена кон:

* Формирање на повеќе одделенија во канцеларијата за меѓународна соработка во рамките на Универзитетот (согласно научните области и културните дејности) задолжени, а пред сé и обучени за логистичка поддршка за подготовка и составување апликации за меѓународни проекти при што сите единици на Универзитетот ќе партиципираа во работата на одделенијата со свои претставници

* Целосна децентрализација на финансиското водење на европските научноистражувачки проекти финансирани од страна ЕУ, пренесување на ингеренциите на единиците на Универзитетот

* Универзитетот во рамките на своите интегративни функции ќе обезбеди пристап до сите бази на научни списанија релевантни за соодветните научни области (Елсевиер Сциенце, Спрингер, АЦМ, ИЕЕЕ, Web of science);

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Интервјуа