X
 05.06.2016 Образование

Мет Дејмон за студентите: Свртете се кон проблемите кои ги гледате. Мора да бидете активни

Мет Дејмон одржа говор пред дипломците на Технолошкиот институт во Масачусетс во петокот.


Актерот, кој пораснал во близина на кампусот на овој институт и кој играше улога на математички генијалец во филмот „Good will hunting“, наведе неколку нешта кои според него се најголемите проблеми во светот, како финансиската нееднаквост, корумпиран банкарски систем и срушен политички систем. Потоа, тој им кажал на дипломците:

„Свртете се кон проблемите кои ги гледате. Мора да бидете активни.“

Говорот го слушнаа над 1.000 дипломци и речиси 1.800 магистри и доктори. Дејмон, кој самиот се откажал од „Харвард“ за својата актерска кариера, изјавил дека не заслужува да биде говорник на таква церемонија. Во својот говор, Дејмон дури и го споменал Доналд Трамп. Зборувајќи за теоријата за симулација, според која светот е дел од напредна компјутерска симулација на вонземјани, тој вели:

„Ако има повеќе симулации, зошто ние треба да бидеме во онаа каде што Доналд Трамп станува номиниран за претседател од Републиканците? Може ли да се префрлиме во друга?“

На крајот, тој позајми изрека од неговиот последен филм, „The Martian“:

„Не секој проблем има напредно решение. Не можеме да примениме наука на секој проблем. Мора да одите надвор и да правите навистина интересни работи, важни работи, креативни работи, бидејќи овој свет има проблеми за кои треба да се откажете од се` и да ги решите“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование