Основачот на „Facebook“, Марк Цукерберг веќе долго време е мета на хакерите кои вчера успеале да хакнат неколку негови социјални профили.
Неговиот профил на „Facebook“ не беше помеѓу компромитираните - хакнати беа неговите профили на „Pinterest“, „Twitter“, и „LinkedIn“.
Се чини дека хакерите исто така се обидоа да го хакнат и неговиот профил на „Instagram“ но безбедносните системи ги спречија хакерите да пристапат до профилот.
Минатиот месец имаше масивно пробивање на меиловите и лозинките на „LinkedIn“, кои се сметаат дека датираат од пробивањето назад во 2012 година.
Не е јасно дали инцидентот со хакирањето на профилот на Цукерберг е поврзано со хакирањето на податоците и лозинките на „LinkedIn“, но возможно е со оглед на времето на хакирањето, и фактот што хакерите испратија порака: „Hey @finkd [Zuckerberg’s Twitter account name], you were in Linkedin Database“.
Возможно е
Цукерберг да ја користел истата меил адреса и лозинка за повеќе профили на социјалните мрежи, и со тоа да им олеснил на хакерите да ги хакираат неговите профили. Користењето на истата лозинка е стандардна човечка грешка, меѓутоа се чини дека и извршниот директор на најголемата социјална мрежа прави вакви пропусти.
Портпаролот на „Facebook“ не сакаше да даде коментар за хакирањето.
Минатиот месец „Twitter“ профилот на Кејти Пери беше исто така хакиран.