X
 07.06.2016 Издвојуваме

Нил Деграс Тајсон: "Образовниот систем е виновен што некои луѓе мислат дека Земјата е рамна"

Што ќе се случи ако еден астрофизичар прашате дали Земајта е рамна? Доколку тој астрофизичар е Нил Деграс Тајсон, тој прво ќе ви упати ужасен поглед, а потоа ќе ви објасни зошто и понатаму постојат луѓе кои веруваат дека Земјата е рамна и дека е центар на универзумот.

 

нил


Во неодамнешен разговор со „The Huffington Post“, Тајсон го поврза ова ниво на логика и сфаќањето на светот како таков, со размислување еднакво како кај децата кои мислат дека луѓето од телевизија знаат кои се тие.

„Кога сте мали, мислите дека сите ве знаат и дека вие сте центар на вселената. Но, созревате и сфаќате дека не е така - не само додека остариме како луѓе, туку и кога ќе пораснеме како цивилизација“, вели тој.

Иако Земјата некогаш им изгледала рамна на луѓето затоа што можеле да видат ограничена гледна точка, а сега ние имаме доволно докази дека нашата планета е тркалезна. Меѓу нив се и фотографиите кои ги направи програмата „Аполо“.

Поголемиот дел од човештвото го надмина незрелиот поглед на нашите предци, но некои се'уште заостануваат.

Претходно оваа година, Тајсон навлезе во „Twitter“ расправа со раперот Б.о.Б кој тврдеше дека Земјата е рамна.

„Не ми пречи кога луѓето не знаат нешто. Но, ако не го знаете, а имате влијание врз другите, тоа може да биде опасно“, смета Тајсон.

Тој за оваа појава ги обвинува училиштата.

„Го обвинувам образовниот систем кој дозволува да завршат образование луѓето кои не прават разлика помеѓу тоа што е вистина, а што не“, изјави астрофизичарот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Издвојуваме