X
 07.06.2016 Образование

Обвинителство: Професори се осомничени дека барале пари но и сексуални услуги за испит

Осум лица од кои шест универзитетски професори, еден демонстратор и еден управител на бифе во универзитетскиот комплекс на УКИМ, се осомничени за сторени повеќе кривични дела меѓу кои примање пари, а постои степен на основано сомнение дека дел од професорите барале и извршување на сексуални услуги заради полагање на испит, соопштија од Основното јавно обвинителство.


 
Обвинителствот по повеќемесечна оперативна обработка на податоци, прибрало докази до степен на основано сомнение за сторени кривични дела со коруптивна природа каде оштетени се студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.


- Во текот на вчерашниот ден при преземените дејствија за прибирање на докази по издадената наредба за претрес, еден од професорите е затечен инфлагранти во извршување на кривично дело – примање на поткуп од 1000 евра, додека за останатите се обезбедени докази во изминатиот период - велат од обвинителството.
Во моментот предметот е во предкривична постапка. Надлежниот јавен обвинител ја прима кривичната пријава и врши оценка за потребата за примена на мерки за обезбедување на присуство на лица и предмети во текот на постапката, по што ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за која јавноста навремено ќе биде информирана. Министерството за внатрешни работи најави прес-конференција во 13 часот, каде ќе соопшти детали за случајот.
Подготвил: М.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование