Новиот продажен канал на Mакедонски Телеком прво стартува во Аеродром и Карпош, општини со најголема покриеност на оптика
Брендирани тимови ќе ги посетуваат домаќинствата секој работен ден од 16 до 20 часот, а во саботите од 10 до 14 часот
Македонски Телеком стартува со нов продажен канал директно до домовите на граѓаните. Станува збор за продажен канал преку кој што граѓаните ќе можат да одберат некој од oптик пакетите на Македoнски Телеком директно од дома, наместо да посетат некоја од Телеком продавниците или пак да се јават во Контакт центарот на телефонскиот број 122.
Брендирани тимови од Македонски Телеком ќе започнат со посети на домаќинствата во Аеродром и Карпош, при што на директна средба со граѓаните ќе им ги претстават новите поволни oптик понуди, подготвени во согласност со нивните барања, потреби и можности. Новиот продажен канал започнува од овие две скопски населби затоа што станува збор за општини со најголема покриеност на оптика.
Посетата на домаќинствата ќе се одвива секој работен ден од понеделник од петок попладне од 16 до 20 часот, а во саботите од 10 до 14 часот. Новиот продажен канал Македонски Телеком го реализира во партнерство со компанијата Р3 Инфомедиа.
Оптиката како технологија на иднината, покрај брзината, стабилноста и обемот на податоци кои ги пренесува, овозможува бројни други опции за ТВ, интернет или телефонски услуги за врвно корисничко задоволство.
Освен во Аеродром и Карпош, наскоро Македонски Телеком ќе продолжи со новиот продажен канал и во други општини во Скопје и низ државата, со што ја доближува напредната оптичка технологија, која што овозможува интернет со брзина на светлината, буквално до секој дом.
Во моментов, 127.000 домаќинства ширум Македонија имаат можност да користат оптика. Македонски Телеком ќе продолжи и годинава со проширување на оптичката мрежа низ државата, во согласност со интересот на граѓаните.