X
 08.06.2016 Живот

Правила за љубовта - Никогаш не се коцкајте со она што не можете да си дозволите да го изгубите

љубов

 

1. Koга љубовта ќе пристигне, негувајте ја.

2. Што и да прифатите, ќе добиете.
3. Мораме да сфатиме дека љубовта е огледало - ќе ни покаже кои сме, доколку ѝ дозволиме.
4. Единствено сами можеме да се направиме среќни, тоа не е одговорност на другите луѓе.
5. Не изговарајте зборови со намера да повредите друга личност.
6. Прифаќајте и лесно простувајте.
7. Немојте да се плашите да не се согласите со нешто, тоа е здраво.
8. Никогаш немојте да бидете премногу зафатени за друга личност.
9. Не казнувајте.
10. Прифатете искрена критика, тоа е добро за вас.
11. Признајте кога сте виновни.
12. Поддржете се едни со други кога ќе дојдат тешки времиња.
13. Живејте во моментот - бидете присутни.
14. Оставете го минатото онаму кадешто припаѓа.
15. Откажете се од драмата во вашиот живот.
16. Не се обидувајте да контролирате.
17. Дозволете мала количина на љубомора.
18. Не користете споредби.
19. Славете ги разликите.
20. Отворено и искрено комуницирајте.
21. Слушајте внимателно.
22. Не судете.
23. Не манипулирајте за да добиете резултати.
24. Научете и созревајте.
25. Не се обидувајте да ги менувате другите.
26. Не го осудувајте семејството и пријателите поради вашиот партнер.
27. Мааните и несовршеностите се убави.
28. Верувајте им на сопствените инстинкти, немојте да бидете параноични.
29. Немојте да го загрозите вашиот морал и вредноста и не го очекувајте тоа од друга личност.
30. За растење потребен е простор.
31. Наместо моќ, целта нека ви биде рамнотежа.
32. Прифатете го фактот дека и двајцата се единствени - никогаш не се споредувајте.
33. Забавувајте се, смејте се и играјте - во големи количини.
34. Бидете си најдобри пријатели еден со друг.
35. Немојте да играте психолошки игри.
36. Немојте лесно да ја отфрлите љубовта.
37. Не ја трошете енергијата на негативни мисли.
38. Пофалете го партнерот.
39. Запознајте се меѓусебно.
40. Бидете внимателни и препознајте го она што не е кажано со збор.
41. Секој ден направете барем една романтична и внимателна работа.
42. Одете на пикник и спијте под ѕвездите.
43. Немојте само да зборувате, добро би било и да покажете љубов.
44. Шетајте заедно, гответе заедно, бањајте се заедно, читајте заедно.
45. Не се плашете, љубовта бара посветеност.
46. Бидете лојални и верни.
47. Верувајте.
48. Бидете благодарни.
49. Флуидноста е добра, прифатете промена.
50. Немојте лути да одите на спиење.
51. Не замерувајте.
52. Откријте што ве движи двата и истражувајте го тоа.
53. Пробудете љубов.
54. Неограничено примете и дадете љубов.
55. Никогаш не се коцкајте со она што не можете да си дозволите да го изгубите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот