X
 13.06.2016 Живот

"Ве молиме не си одете!" - Германија пред британскиот референдум за излез од ЕУ

Најпродаваниот неделник во Германија во саботата ги молеше Британците да останат во Европската унија со специјално издание објавено помалку од две недели пред референдумот во Велика Британија.



„Ве молиме не си одете!“ - пишувало на насловната страница на списанието „Der Spiegel“ на германски и англиски јазик. Во специјалното издание се објаснувало зошто Британците им се потребни на Германците.

„Изборот е помеѓу момент на гордост и нова иднина изградена заедно“, пишува во списанието.

„Доколку Британија е умна, ќе остане член на ЕУ бидејќи ќе препознае дека иднината на западот е во прашање. Ако Британија е умна, ќе сфати дека не е светска сила сама по себе, дека ќе изгуби многу со потврдување на брегзитот на јуни и ќе добие ништо освен краток момент на гордост.“

Во интервју за списанието, министерот за финансии Волфганг Шобле предупреди дека Велика Британија повеќе би немала пристап до пазарот како Норвешка и Швајцарија, што не се членки на ЕУ.

„Внатре е внатре. Надвор е надвор. Се надевам и верувам дека Британците ќе одлучат против брегзит. Повлекувањето на Британија би била тешка загуба за Европа“, изјавил тој.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот