X
 15.06.2016 Наука

Одлични математички загатки кои ќе ве натераат да ја искористите логиката

Математиката отсекогаш била поврзана со загатките. А загатките се одлични вежби за мозокот. Па ајде малку да повежбаме и да се обидеме да ги решиме следните загатки.

 

zagattka


1. Фудбалска геометрија


Да претпоставиме дека има jaже долго 109 метри врзано за основата на секоја статива на едно фудбалско игралиште. Уште колку метри ќе треба да се додадат, за да може под него да оди човек висок 1.80 сантиметри, а колку за под него да има една зграда од три спрата?

2. Санкт Петербург парадокс


Нова игра во казино. Правилата се следни:

Куќата става еден долар во кошница. Оној што дели врти паричка. Ако паричката е свртена на глава, тогаш куќата ја удвојува количината на пари во кошницата, и повторно се врти паричката. Ако овој пат падне петка, тогаш играта завршува и ти ги земаш сите пари од кошницата. Играта чини X долари за да се игра.

Колку треба да наплаќа, односно која треба да биде цената на X? И колку би биле вие подготвени да платите за да ја играте оваа игра?

3. Загатката на Ајнштајн


Загатката е именувана по Алберт Ајнптан бидејќи се шпекулира дека му ја давал на неговите студенти за да открие кој е најпосветен и најдобар. Според Ајнштајн, само 2% од населението може да ја реши загатката. Дали сте вие меѓу тие 2%?

1. Британецот живее во црвената куќа.
2. Швеѓанецот чува кучиња како миленици.
3. Данецот пие чај.
4. Зелената куќа е од лево на белата куќа.
5. Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
6. Личноста што пуши Пал Мал одгледува птици.
7. Сопственикот на жолтата куќа пуши Данхил цигари.
8. Човекот што живее во куќата во средина пие млеко.
9. Норвежанецот живее во првата куќа.
10. Човекот што пуши Бленд живее до оној што чува мачки.
11. Човекот што чува коњ живее веднаш до човекот што пуши Данхил.
12. Сопственикот што пуши Блумастер пие пиво.
13. Германецот пуши Принц.
14. Норвежанецот живее до сината куќа.
15. Човекот што пуши Бленд има сосед кој пие вода. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука