На 20 јуни (понеделник) во Скопје концерт ќе одржи Енрике Иглезијас. Тој доаѓа тука во рамки на светската турнеја „Sex and love“ со која го промовира најновиот албум.
Денес беше одржана прес-конференција во иновативниот центар на „Телеком“ во центарот на Скопје по повод престојниот концерт на Енрике. На прес-конференцијата беа присутни „Авалон продукција“ и „Телеком“, кои се организатори и главни спонзори на концертот, соодветно.
Од „Авалон продукција“ најавија повеќе концерти за летото, меѓу кои и Џон Њуман, Ники Ромеро и Продиџи. За концерот на Енрике се' е подготвено, откриваат тие.
Што се однесува до барањата на ѕвездата, од „Авалон продукција“ откриваат дека неговото барање била техничката подготвеност за време на концертот, а во однос на личните барања бил скромен.
Тие не открија кога пејачот ќе пристигне во Македонија.