X
 16.06.2016 Образование

Толстој: Родителите ги толерираат своите недостатоци, а не сакаат да ги видат кај децата

Сите потешкотии во воспитувањето потекнуваат оттаму што родителите ги оправдуваат сопствените недостатоци, а не сакаат да ги видат кај децата.


Лав Николаевич Толстој еднаш рекол за воспитувањето на децата: „Никогаш не сум пишувал за воспитувањето затоа што верувам дека воспитувањето се сведува на тоа да живееш правилно, да напредуваш, воспитуваш, тоа е единствениот начин на кој се влијае на другите луѓе и со што тие се воспитуваат. Да се биде праведен и понизен со децата, да не се крие од нив она што се слушува во душата, тоа е воспитување.

Педагогијата е наука за тоа како е можно да се живее аморално, а на децата да се има правилно влијание, исто како нашата медицина, како да се биде здрав живеејќи против законите на природата. Тоа се итри и празни науки, никогаш не ја постигнуваат својата цел. Сите тешкотии во воспитувањето потекнуваат оттаму што родителите, не само што не ги поправаат своите недостатоци, туку и ги оправдуваат, а не сакаат тие мани да ги видат кај децата.“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование