X
 16.06.2016 Живот

Во Славонија ќе се гради винарија вкопана во рид и покриена со трева

Архитектонско чудо ќе се гради во срцето на Славонија. Имено, архитектите проектирале објект за винарија кој максимално ја почитува и штити животната средина, но и преку процес на мимикрија целосно се спојува со околината. Наместо градба врз ридот каде што е планирано да се гради винаријата, архитектите одлучиле да градат во друг правец – во длабочина.


Плацот со површина од 14.750 метри квадратни каде треба да се гради винаријата е всушност еден рид. Идејата била објектот да се вкопа во ридот, што е во согласност со потребите на винаријата и подрумските температури за чување на виното. Што значи дека ридот нема да биде отстранет, туку напротив, ќе се искористи за потребите на објектот.


Подземниот објект од 3.350 метри квадратни ќе биде изработен од бетон, поплочен со камен и обложен со трева врз покривната конструкција. Во оваа винарија, покрај производството на вино ќе врши и продажба, но во угостителскиот дел каде што љубителите на вино ќе можат да ги вкусат производите. Главната идеја е покрај винаријата ова место да прерасне во туристичко село бидејќи во близина постои и зашитен резерват за птици.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот