X
 16.06.2016 Култура

Завршен проект наменет за ранливите категории на граѓани и нивна обука во Битола

1

 

Лица со посебни потреби, самохрани родители, жртви на семејно насилство и нивните деца добија сертификати за успешно завршени обуки по канцелариско работење, англиски јазик, подготовка на CV, компјутерски вештини, интервју за работа и чување на податоци. Обуките ги посетуваа 60 лица на кои подоцна им беа доделени сертификати за успешно завршени курсеви.


Обуката беше дел од проектот наречен „Lootus New Beginning“, во организација на самото училиште Лоотус Ј центар за едукација и консултации и Самурај клубот од Битола, поддржан и финансиран од австралиската амбасада.

 

1


Проектот имаше за цел да им обезбеди подобри можности за ранливите категории на граѓани преку обуки и курсеви со што тие подобро би се вклучиле во општествениот живот и стекнување на работни способности со што ќе се подобри нивниот социо-економски статус.

„Во последно време работите се променети и одат на подобро, но не треба да се работи само на односот на државата и на законите туку треба да се работи и на преструктурирање и на мислењата на самите ранливи категории кои пред себе си поставуваат бариери и ги спречуваат да продолжат понатаму. Како дел од овие обуки имавме и обука за интервју на која имаше техники за зголемување на самодовербата, бидејќи таа е нешто што е потребно секому“, вели Симона Јовеска, директорката на центарот за обуки Лоотус Ј.

 

3


На завршната манифестација учествуваше и Глен Морисон, првиот секретар на австралиската амбасада во Белград, која го финансира целиот проект, а е дел од стратешките цели на Министерството за надворешни работи на Австралија, за зголемување на просперитетот и стабилноста во сите аспекти на општественото живеење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура