X
 18.06.2016 Технологија

Хакерите може да ви влезат во профилот на Facebook преку телефонскиот број

Профилите на „Facebook“ не се комплетно безбедни од хакери, дури и доколку корисникот одбрал сигурна лозинка.


Истражувачите го докажаа тоа со преземање контрола на профил на „Facebook“ користејќи само телефонски број и некои хакерски вештини. Тие ја искористиле мрежата SS7, која е дел од телекомуникациската инфраструктура, која се покажала како ранлива повеќепати во текот на последната половина деценија.

Што е проблемот со SS7?

Оваа мрежа им верува на пораките кои се испраќаат преку неа без разлика на потеклото, па хакерите може да „ја измамат“ и да направат да ги испраќа повиците и пораките на нивните телефони. Сe' што им е потребно е телефонски број и некои детали за уредот за да го сторат тоа.

„Positive technologies“, кои го демонстрирале хакерскиот потег за „Forbes“ неодамна покажаа и дека може да преземат контрола на профили од „WhatsApp“ со слични трикови.

Како оди процесот?

Хакерот оди во „Forgot account?“ на домашната страна на „Facebook“. Кога од него се бара електронска адреса или телефонски број од тој профил, хакерот го остава бројот. Со пренасочување на СМС порака со која има лозинка на неговиот телефон или компјутер, хакерот може да влезе во профилот, како што се покажува во видеото подолу.



Секако, за ова е потребно да го регистрирате телефонскиот број на социјалната мрежа и да имате дозволено СМС пораки преку неа.

Во меѓувреме, „Vodafone“ и „Telefonica“ работат на подобрување на проблематичната мрежа.

Експертите ги советуваат корисниците да не ги објавуваат броевите на јавни места и да користат само електронска пошта кога станува збор за социјалните мрежи.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија