X
 21.06.2016 Технологија

Ѕирнете во внатрешноста на луксузниот воз Белмонд Експлорер кој ќе патува низ Андите

Нов воз наскоро ќе биде лансиран кој ќе нуди особено скапи сезонски билети од Гилдфорд до Лондон.

 

2


Возот Белмонд Експлорер е супер луксузно парче јавен транспорт кој ќе зема патници од Куск, античкиот главен град на Империјата на Инките - и ќе патува низ највисоките рамнини на Андите - до убавините на езерото Титикака.

Но, она што ќе го прави патувањето навистина посебно е тоа што патниците ќе чувствуваат како да се во луксузен хотел. Клиентите ќе можат да избираат од широката палета на кабини за нивно сместување, вклучувајќи апартман, близнак или едно легло.

 

3


За разлика од старите денови на лускузното железничко патување, сите соби доаѓаат со свој тоалет и туш.

Позади декорацијата стои Инге Мур, дизајнер во галеријата „НВА“, кој бил инспириран од јужно-американскиот текстил и природа. Како резултат на тоа на возот можат да се најдат многу ткаенини од Перу и волна од Алпака во 34-те спални на возот.

 

4


Луѓето кои се заинтересирани да патуваат со овој воз ќе можат да изберат од четирите различни патувања кои започнуваат од 323 фунти по лице и ноќ, а вклучени се оброци, пијалок и екскурзии.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија