X
 22.06.2016 Образование

УКИМ го објави конкурсот и датумите за уписните рокови за академската 2016/17 година



Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ го објави конкурсот за академската 2016/17 година додипломски студии. Во рамки на универзитетот, за сите студиски програми, слободни се вкупно 10 535 места. За редовни студенти во државна квота, резеревирани се 6606 места, додека за редовни студенти со кофинансирање обезбедени се 2819 места. Наредната академска година ќе бидат примени и 1110 вонредни студенти.

Како и претходно, студентите во државна квота ќе плаќаат 200 евра за година, односно 100 за дисперзирани студиски програми. Оние со кофинансирање ќе плаќаат помеѓу 100 и 400 евра.

Првиот уписен рок ќе биде на 18-ти и 19-ти август, додека вториот за дополнување на празните места ќе биде на 5-ти септември. Онаму каде ќе останат непополнети места ќе се организира и трет уписен рок на 15-ти септември, заедно со почетокот на академската година.

Конкурси за уписи во академската 2016-2017 година

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование