X
 23.06.2016 Технологија

Huawei P9 Lite - големиот наследник на најдобриот смартфон од средната класа за 2015 година

Претставувањето на Huawei P9 Lite со нетрпение го очекуваа сопствениците на неговиот претходник - Huawei P8 Lite, како и оние корисници кои планираат да купат добар смартфон од средната класа. Смарт телефоните од  “средната класа“ се исклучително иновативни уреди со конкурентни цени. Најдобар пример за овој тренд е Huawei P8 Lite, кој беше претставен во 2015 година со зачудувачки успех ширум Европа. Huawei P8 Lite буквално го снемуваше од полиците.


Целта на Huawei оваа година е особено амбициозна – да лансира телефон кој е уште подобар и посакуван. Се очекува Huawei P9 Lite да задоволи многу високи стандарди. Дали е доволно добар? - е прашање до чиј одговор може да се дојде преку споредба на двата модела.

Првото нешто што се забележува кога го држите P9 Lite во рака е дека телефонот е значително поголем. Ова се должи на 5.2 – инчниот дисплеј, додека кај P8 Lite екранот беше 5 – инчен.  Поголемиот екран на P9 Lite е и со подобра резолуција – full HD, најмногу оптимална резолуција за модерните смартфони на Huawei. Исто така, корисниците ќе ценат што дисплејот на новиот модел има дополнителната заштита обезбена со најновата верзија на супертврдо стакло Corning Gorilla Glass 4.

Веднаш по првиот контакт со P9 Lite забележливи се неверојатните хардверски карактеристики на телефонот. Уредот е речиси идентичен со P9, но цената е значително пониска во споредба со предводникот. Одлична карактеристика, поврзана со хардверот, е одност на екранот со телото на P9 Lite - а тоа е 76,4% , што знали дека декоративните рамки околу екранот се многу тенки и не заземаат непотребно простор. Телефонот е достапен во три бои: бела, црна и златна.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија