Студенти од Студентскиот пленум, како и од побеќе младински организации утрово го блокираа влезот на Ректоратот на УКИМ, каде на седница на Сенат треба да се избере новиот ректор на УКИМ- Ненад Новковски или Никола Јанкуловски. На студентите им се придружија и професори од Професорскиот пленум кои заедно со студентите бараат седницата на Сенатот да се одложи се додека не се изберат легитимни студентски претставници.
Како што е познато Студентскиот пленум смета дека десетте студнети кои денес трба да гласаат за нов Ректор се нелигитимни, бидејќи студентските претставници во Сенатот се со истечени мандати. Во моментов студентите со жив ѕид го блокираат влезот.
Прашање кое останува отворено е дали денеска УКИМ ќе добие нов Ректор?