Во текот на 10-те сезони кои ни ги понуди мегапопуларната „Friends“, често пати се менуваа приказните, родендените и ред други работи, а фановите веднаш ги забележуваа грешките.
И сега може да се додаде уште една грешка во купот. Бројот на станот на Моника има необична способност да се менува.
Во првите неколку епизоди од првата сезона, Џои и Чендлер живеат во станот со број 4, додека Моника живее во станот 5.
Меѓутоа, била направена грешка, затоа што Моника живее на повисок спрат, такашто броевите немаат некоја смисла, па за брзо време беа променети во 19 и 20.