X
 01.07.2016 Живот

Повеќе од 2.000 граѓани се вклучија во активната кампања за водење здрав живот



Повеќе од 2.000 граѓани се вклучија во активната кампања за водење здрав живот, насловена како „Немате време да бидете болни“, поддржана од брендот PROBalans.

Во изминативе два и пол месеци, хрватската компанија ПхармаС организираше низа викенд настани, на кои заштитното лице на PROBalans, Светлана Црнокрак, маскотата ФармаСко и стручни лица на компанијата, ги информираа граѓаните за што се користат пробиотиците, што треба да имаат со себе при патување на одмор и како да водат здрав живот.

„Со оваа кампања, нашите стручни лица ги едуцираа граѓаните за потребата од континуирано водење здрав живот, преку здрава исхрана, спортски активности, придобивките од употребата на пробиотиците, посебно доколку пијат антибиотици и во моментите кога ќе тргнат на одредено патување“, вели магистер Филип Ачкоски, регионален директор на ПхармаС за Македонија, Бугарија , Албанија и Косово.

Кампањата, според него, ги исполнила очекуваните резултати затоа што, се повеќе и повеќе граѓани се информирале за пробиотиците, разменувајќи искуства за резултатите пред и по користење на пробиотиците.

Промотивните акции се организираа во трговските центри, на спортските патеки, паркови и на Водно, каде граѓаните стапија во контакт со PROBalans (www.probalans.mk) . Сите минувачи добија едукативна “Патна Аптека“ за тоа што е најдобро да имаат со себе кога ќе тргнат на пат или на годишен одмор. Корисните совети одлично беа прифатени од граѓаните, затоа што беа давани од страна на стручни лица.

„Преку организираните активности на различните локации забележав дека речиси сите, без разлика на возраст, ги менуваат своите животни навики. Без разлика дали беа на велосипед, на ролери, џогираа или едноставно, пешачеа, сите имаа за цел подобро здравје. Исто така, беа заинтересирани да научат нешто ново, да научат за пробиотиците и нивната делотворност и да се запознаат со нови природни производи кои само дополнително ќе им помогнат во водењето и оддржувањето на здравиот начин на живот “, вели Светлана Црнокрак, заштитно лице на брендот PROBalans. Наесен, во рамки на кампањата, ќе се организираат повеќе креативни работилници на тема мајки и деца во кои ќе учествуваат и граѓаните. Следните активности во рамки на кампањата „Немате време да бидете болни“ ќе бидат објавени на фан страната https://www.facebook.com/zidnazdravjetopharmas/.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот