X
 02.07.2016 Култура

Најдобрите филмови со неверојатен пресврт во заплетот

Добриот заплет може да го направи филмот уште поинтересен и подобар како и да ве натера постојано да размислувате и да сте под тензија за тоа што ќе се случи понатаму.

 

film


Во продолжение ви нудиме филмови чии приказни ќе ве изненадат и остават шокирани.

1. The others



Паметна субверзија на филм со опседната куќа во сценарио и режија на Алехандро Аменабар. Грејс и нејзините две деца страдаат од екстремна фотосензитивност и живеат во една куќа во периодот после Втората светска војна во Британија. Тројца мистериозни слуги се појавуваат и чудни работи започнуваат да се случуваат. Семејството чувствува дека постојат „други“ во куќата, со што Грејс станува доста параноична. Потоа пристигнува мртвиот татко.

Пресвртот:

Излегува дека целото семејство се духови, а „другите“ се новите станари кои живеат во куќата. Слугите починале од туберкулоза, а Грејс ги убила своите деца гушејќи ги и се застрелала.

2. Fight Club



Моралниот двосмислен трилер на Дејвид Финчер гради свет од кошмари во кој живее Тајлер Дурден и нараторот кој го глуми Едвард Нортон.

Пресвртот:


Работите излегуваат надвор од контрола и Тајлер исчезнува. Излегува дека нараторот и Тајлер всушност се една иста личност, и тој мора да се застрела за секогаш да се ослободи од Тајлер.

3. Primal Fear



Едвард Норто повторно во уште еден одличне филм играјќи го алтер момчето Арон Стамплер обвинето за убиство на католички надбискуп. Мартин Вали (Ричард Гир) е неговиот адвокат кој верува дека е невин. Приказната за финансиската корупција и сексуалната злоупотреба се разоткрива и Вали е принуден да се соочи со неговиот клиент кој...

Пресвртот:

Стамплер има повеќе личности, вклучувајќи ја и таа која го признава убиството на надбискупот.

Вали го оркестрира инцидентот во судот кој го охрабрува Стамплер да ја открие личноста во себе која го уби надбискупот - и на тој начин судијата го прогласува невин поради лудило. Вали го посетува и открива дека всушност Стамплер не е луд и дека ладнокрвно го извршил убиството.

4. Oldbоy



Ултра насилниот трилер на Парк Чан-вук започнува со мистерија: човек заклучен во соба скоро 15 години без да знае зошто е затворен. Потоа еден ден, тој е ослободен и решен е да открие зошто му се случило сето тоа и копнее да се одмазди.

Со помош на девојка со која станува интимен, тој го открива мотивот и идентитетот на својот киднапер: кога бил мал и одел на училиште, тој бил сведок на инцест помеѓу брат и сестра кои биле заљубени. Кога тој им кажал на своите соученици, сестрата се самоубила.

Пресврт:


Излегува дека девојката со која беше интимен е всушност неговата сопствена ќерка.

5. Planet of the apes




Астронаутите поради несреќа слетуваат на планета управувана од население на мајмуни. Тука луѓето се неми и се сметаат за глупави и се ловат и чуваат како затвореници за експериментирање, додека мајмуните имаат развиено структурирано општество.

Хјуман Тејлор се спријателува со неколку љубопитни примати кои сакаат да дознаат нешто повеќе за неговото потекло, па го носат во пештера полна со „антички“ артефакти кои укажуваат на тоа дека луѓето некогаш владееле со тоа општество - и како што Тејлор дознава, го уништиле.

Пресвртот:

Иконската последна сцена на Хестон кога ја открива половина закопаната Статуа на слободата. Тогаш сфатил дека планетата на мајмуните всушност е Земјата.

6. The Crying Game




Станува збор за сериозна политичка драма, позната по пресвртот во средината на филмот. Џоди е британски војник кој е фатен од IRA во Северна Ирска. Стивен Риа е Фергус, човекот кој го чува

Фергус и Џоди се зближуваат, а откако Џоди (случајно) е убиен, Фергус оди во Лондон и ја запознава девојката на Џоди. Тие се заљубуваат, но...

Пресвртот:

Кога за прв пат се интимни, Фергус открива дека таа е транссексуалец. Потоа следува приказна за љубовта и лојалноста.

7. The Sixth Sense



Брус Вилис го глуми Малколм Кроу, детскиот психолог кој работи со едно проблематично момче кое тврди дека гледа мртви луѓе.

Кроу работи со Кол и го охрабрува да не се плаши од мртвите и да им помогне да продолжат понатаму. Мртвите луѓе не знаат дека се мртви.

Пресвртот:

Кроу е всушност мртов.

8. The Sting



Роберт Ретфорд и Пол Њуман се измамници. Филмот се случува за време на ерата на депресија во Америка. Следува доста комплициран заплет на двојни идентитети, измами и конфузни работи.

Во последниот дуел во салонот за коцкање изгледа дека хероите се измамија еден со друг - Хукер морал да го предаде Гондорф, Гондорф го застрела Хукер, а агентот на ЦИА го застрела Гондорф.

Заплетот:

Всушност, се' е измама. Никој не е мртов, но добро е тоа што лошите момци мислат дека се мртви.

9. Shutter Island



Базиран на романот на Денис Лехејн во режија на Мартин Скорсезе, ова е приказна за детективот Даниелс (Ди Каприо) и неговиот партнер (Марк Рафало) кои патуваат на далечен остров за луди со цел да го истражат исчезнувањето на една жена која ги удавила нејзините три деца. Пациенти кои исчезнуваат, теории на заговор и мистериозен светилник каде се извршува лоботомија се дел од заговорот кој расте се' повеќе и повеќе.

Пресвртот:

Даниелс е всушност пациент во болницата, и тој ја убил неговата сопруга откако таа ги убила нивните три деца. Целата епизода е измислена од докторите со надеж дека Даниелс конечно ќе ја прифати вистината.

10. Orphan



Чудниот психолошки хорор има еден од најчудните пресврти само и само поради маестралната изведба на Изабел Фурман. Таа е 9 годишно дете од Источна Европа посвоена во едно семејство откако нивното бебе се родило мртво. Но, постои нешто чудно во врска со ова девојче.

Пресвртот:

Кога нејзините мајка и татко малку подлабоко ја истражувале, тие откриле дека станува збор за луда 33 годишна жена со нарушен хормон кој го запира нејзиниот раст. Таа оди од едно во друго семејство преправајќи се дека е дете за да може да ги заведе татковците.

11. Memento



Леонард Шелби има антероградна амнезија - тој не може да создаде нови сеќавања. Неуморно бркајќи го човекот кој ја убил неговата сопруга и го нападнал него, тој користи тетоважи, блешки и фотографии со цел да го забележи неговиот напредок. Приказната се одвива во обратна насока и станува комплицирана.

Пресвртот:

На крајот излегува дека Шелби всушност го убил напаѓачот пред неколку години и самиот тој бил одговорен за смртта на неговата сопруга.

12. Angel Heart




Луис Сифре го изнајмува приватниот детектив Хари Ејнџел да го пронајде музичарот Џони Фејворит. За жал, луѓето кои ги испрашува Ејнџел завршуваат мртви.

Пресвртот:

Излегува дека самиот Ејнџел е Фејворит. Тој му ја продал душата на Сифре, го украл идентитетот на вистинскиот Ејнџел, имал амензија и заборавил на сето тоа. За жал, ѓаволот дошол да си го собере данокот.

13. Jacob's Ladder




Филмот ја раскажува приказната за еден виетнамски ветеран кој има пострауматски синдром и халуцинира.

Тој открива дека неговата единица била подложена на лек кој ја зголемува агресијата, и предизвикува луѓето да се свртат еден против друг.

Пресвртот:

Џејкоб бил убиен од член од неговата единица - целиот филм е неговата конечна смрт и неговата борба да ја прифати смртта.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура