X
 03.07.2016 Живот

Што видел фотографот кој успеал да го фотографира нападот од 9/11?

Неколку часа откако авионите удриле во кулите близначки на Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година, Курт Соненфелд добил неограничен пристап до местото на настанот.

 

1


Тој работел во Федералната агенција за управување со итни случаи, која била поврзана со Одделот за домашна безбедност на Америка и бил задолжен за координирарње на првите реакции при катастрофа.

Вооружен со камера, Соненфилд требало да фотографира се' што ќе видел. Неговите документирани докази требало да бидат дел од извештајот за тоа што се случило, но никогаш не ги дал снимките.

Одеднаш, неговиот живот започнал да се распаѓа. Неговата сопруга била пронајдена мртва во нивниот дом во Денвер, застрелана во задниот дел од главата.

15 години подоцна, 54 годишниот Соненфелд е во бегство во Аргентина. Американската влада сака да го врати во земјата, а официјално тој е обвинет поради убиството на неговата сопруга, меѓутоа како што вели тој, владата го бара за нешто сосема друго.

Тој вели дека тие сакаат да го замолчат за она што го видел на денот на нападите, и поради доказите. Тој е убеден дека администрацијата на Буш е голем играч во најкрвавиот напад на американското тло.

Кога неговата сопруга била пронајдена мртва, Соненфелд не можел да поверува дека се самоубила. Кога полицијата добила пристап до нивниот дом во 2002 година на денот на Нова година, било очигледно дека тој пиел. Имал крв на рацете и смрдел на алкохол.  Полицијата ја пронашле Ненси која едвај дишела. Ја одвеле во болница, меѓутоа таа починала следното утро, на 36 годишна возраст.

Била пронајдена криптична белешка во нивната спална соба, а изгледала како самоубиствена порака. Ненси напишала: „Она што навистина е убаво освен смртта ии љубовта. Курт, те молам побарај помош“. Зборот љубов бил потцртан.

Отпечатоците на Ненси биле пронајдени на пиштолот, а Соненфелд бил однесен на испрашување. Тој бил обвинет за нејзиното убиство и требало да се појави пред судот во јуни 2002 година, но подоцна бил ослободен од обвиненијата.

Побегнал затоа што претчувствувал дека нема да биде последен пат полицијата да се појави на неговата врата и да го прашува прашања. Неговите инстинкти биле точни. Во 2003 година, една година после отфрлувањето на обвиненијата, судијата потпишал нов налог за негово апсење. Но, кога полицијата отишла да го побара, сфатиле дека тој избегал.

Соненфелд избегал во Аргентина и после кратко време се преженил и добил две девојчиња.

Владата на Америка се обидела да го екстрадира, меѓутоа било неуспешно. Дел од причината поради која не можат е тоа што Аргентина има строги ставови против смртната казна.

Но, што Соненфелд видел на денот на нападите?


Она што било особено интересно било тоа што го пронашол под Светскиот трговски центар 6. Тој велидека во внатрешноста на зградата наидел на простории целосно исчистени.

Во документарниот филм снимен во Аргентина, тој вели дека тоа е доказ дека Америка знаела за нападите.

 

2


„Едно нешто во кое сум сигурен е дека агенциите за разузнавање на Америка знаеја дека нападите ќе се случат или дозволија да се случат. Не само што знаеја дека ќе се случат, туку тие и соработувале“, вели тој.

Теоријата е популарна помеѓу теоретичарите на заговор. Тие посочуваат и на врата од подрумот под Светскиот трговски центар 4.

Според една статија од „New York times“, некој се обидувал да влезе во собата во која имало илјадници тони сребро и злато.

Соненфелд е теоретичар на заговор и не само поради тоа што го видел. Тој вели дека најмногу се сомнева за тоа како Светскиот трговски центар 7 пропаднал и покрај тоа што немал никаква штета.

„За мене најсомнително од се' е што се случило со зградата 7. Оваа зграда не беше погодена од авионот. Немаше никако структурно оштетување, но зачудувачки е тоа што зградата падна за само 6.5 секунди“.

Роберт Дрејер и Дамјан Вајтхед ја делеле затворската ќелија со Соненфелд после смртта на Ненси. Тие изјавиле дека тој првично негирал се', но подоцна признал дека ја убил својата сопруга.

Во неговото единствено интервју за американските медиуми пред да се пресели во Аргентина, тој вели дека не знае дали воопшто ги сретнал во затворот.

„Можеби ги сретнав. Сигурно е дека немав пријатели“, вели тој.

Но, и други докази се насочени против него. Полицијата вели дека го пронашла Соненфелд со крвави раце и крв на неговото лице. Неговиот тим за одбрана тврди дека тој ја прегрнал неговата сопруга откако таа пукала и таа кашлала во неговото лице.

Проблемот е тоа што Соненфелд не им кажал таква приказна. Тој рекол дека ги ставил рацете на нејзиното лице.

Во документарниот филм тој вели дека сака вознемирувањето да претане.

„Најмалку четири пати беше прегледан мојот случај од судија и беше одлучено во моја корист, а владата на Америка продолжува понатаму. Она што сакам е да престанат да го прават тоа. Мојата сопруга и јас имаме две прекрасни ќерки родени тука во Аргентина. Сега се сметам себеси за Аргентинец. Секако дека ми недостига семејството во Колорадо. Но за мене, ако имав шанса да се вратам во Америка, не би се вратил. Повеќе ми се допаѓа тука“, завршува тој.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот