X
 04.07.2016 Образование

Револт на ученичка на генерацијата: "Ме болат лагите, позади секоја диплома не стои знаење"

Правдата не постои, а еднаквоста е илузија. Ова го научи Јована Тодоровиќ, ученичка на генерацијата во гимназијата во Зрењанин, кога се заблагодарила на свеченоста после доделувањето на дипломите.

 

ucenicka


Нејзиниот говор беше необичен за оваа прилика и ги освои симпатиите на нејзините сограѓани. Јована критички се насочи на појавата со која била опкружена кога одела на училиште каде била одлична ученичка со сите петки.

„Имав можност да напишам клише кое е применувано со години и да редам пофалби или да останам верна на себеси и да го кажам она што е пожелно да се премолчи. Ја послушав мојата совест“, вели ученичката па така раскажа за тоа како за поминување во гимназијата пожелно е да се имаат врска, и дека не е воодушевена со толку дипломи затоа што позади секоја диплома не стои знаење. „Постојат привилегирани одделенија во кои свесно се запишуваат децата на влијателни родители преку кои професорите ги реализираат сопствените интереси“, продолжува таа.

Јована замерува и што некои ученици се однесувале недолично кога била водена акцијата на доброволно дарување крв за болен другар. „Во таквите моменти се очекува многу поголема хуманост“, вели таа. Таа им се заблагодари на професорите за кои мисли дека чесно си ја извршуваат својата работа, па покрај останатото изјави дека поради професорката по физика го засакала предметот и дека ѝ е жал што била на општествена насока.

„Живееме во кризни времиња. Криза во духовна и материјална смисла. Затоа зачувајте ја гимназијата. Таа треба да биде она што некогаш била. Таа е способна да ги препознае интелектуалците кои ѝ се и тоа како потребни на нашата земја“, вели таа.

„Гледам дека повеќето се сложуваат со мене, па и некои професори, но кај нас е проблем кога треба отворено да се зборува. Ме боли лагата. Ако не се бориме за вистината тогаш тешко нас. Се јавуваа сомнежи дека некој професор ме наговорил. Тоа нема врска. Ова е мојот став. Мојот говор е израз на револт и желбата да се каже вистината, за луѓето да се замислат и да го вратат стариот сјај на гимназијата како институција“.

Идната студентка по книжевност истакнува дека истиот проблем е присутен и во другите училишта, само што се молчи. Таа тврди дека системот на вредности е целосно нарушен во општеството. „Опасно е кога погрешно се едуцираат младите луѓе и со себе ќе понесат погрешни навики“, вели таа.

Посебно ѝ пречи конформизмот и полтронството. „Поважно е да се бориме за сопствените права отколку да бидеме среќни ако не' остават на мир. Се' повеќе молчиме, трпиме и стравуваме поради можните последици. Внимаваме некој да не ни замери, а своите идеали ги оставаме настрана. Нашите пет минути ги искористив за да застанам позади сопствените идеали“, заклучува Јована Тодоровиќ.

Автор: Ѓуро Ѓукиќ
Извор: Политика
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование