X
 04.07.2016 Образование

Резултати од анкета: 83 отсто од испитаниците сметаат дека студентските избори треба да се поништат

Студентските избори кои ги организираше Студентскиот парламент на УКИМ, на кој се случија бројни нерегуларности треба да се поништат. Ова е одговорот на дури 83 отсто од испитаниците кои одговорија на аншата онлајн анкета.  Само 17 проценти сметаат дека изборите не треба да се поништат. Анкетата ја одговорија 2503 испитаници. На прашањето дали ни е потребен и нов Закон за студентско организирање 84,2 отсто одговорилепозитивно. Само 15,8 отсто од испитаниците сметаат дека не ни е потребен нов Закон.



Испитаниците имаат можност и да кажат како најдобро треба да се решат проблемите и тензиите меѓу Студентскиот парламент и Студентскиот пленум. Голем дел од граѓаните кои одговорија на нашата анкета сметаат дека тоа треба да се направи со дијалог, дебата, нови избори, но и со департизација на студентското движење.



Еве дел од предлозите за решавање на тензиите меѓу студентите:

“Отвореност без манипулации, транспарентност, комуникација, ослободување од партиски влијанија“.

„Со искрена дискусија, откако ќе се разрешат нелегитимните претставници и откога ќе одговараат за кривичните дела кои ги имаат сторено“

„ Нов закон за студентско организирање, измени во Статутот на УКИМ каде се дава единствен легитимитет на претставување на СПУКМ, да се отвори целата архива на досегашното работење на СПУКМ и да се анализираат финансиските извештаи на СПУКМ, да се поништат изборите и да се распишат кога ќе има студенти на Универзитетот во октомври 2016„.

„Најдобар начин за решавање на тензиите е поништување на изборите, доколу за истите може да се каже дека претставуваа избори. Да се организираат избори во време кога на факултетите ќе се одвива настава како за прв циклус така и за втор и за трет цикус на студии, а не за време на испитни сесии и време на одмори. Да се знае точно дефиниран датум, легитимни претставници, изборите да бидат наддгледувани од студенти кои не се дел од Студенскиот пленум и СПУКМ. Пребројувањето на гласовите да биди под надзор од студенти од Студенскиот парламент, Студенскиот Пленум, независни студенти од матичните факултети и др. студенски организации доколку во меѓу време се појават“.

„Двете студентски тела треба да седнат на маса и да најдат заедничко решение за целата ситуација, а не да бидат диригирани од други страни и да создаваат нови проблеми. Протестите во Македонија никогаш не решиле ништо“.

“ Да се отстранат сите студенти на спукм од органите на одлучување во уким, да се промени статутот инда се овозможат еднакви можности за претставување на студентите“.

„Поништување на изборите и оставка на раководството на СПУКМ на кое му е истечен мандатот. Да се организираат транспарентни избори во септември во чие организирање ќе бидат вклучени и Студенски парламент и Студенски пленум“.

“Да се реорганизираат изборите, кандидатите да се претстават официјално пред сите студенти на сите единици на УКИМ, денот за гласање да биде избран внимавајќи на тоа најголем број од студентите да бидат во можност да присуствуваат и да гласаат и изборите да бидат во целосна согласност со правилникот“.

“Многу едноставно. Да ги нема поединците (од двете страни) на кои им се дава инструкции од партиски раководства. Ама веројатно тоа тешко дека ќе биде“.

“Да ја тргнат политика настрана од факултетите и студентските организации и да престанат да ги застапуваат интересите на политичките партии. Самостојно и праведно да ги застапуваат само и само интересите на студентите и нивното учество во нашето општество, се со цел подобрување на стандардот и животот на студентите“!

“Да се седат на маса сите засегнати страни, и да се разрешат сите не јаснотии и законски прекршувања единствено преку право и правни постапки (за се' до сега, и од сега)“.
Подготвил: М.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование