X
 05.07.2016 Култура

Мартин Лутер: "Не само што сте одговорни за она што го кажувате, туку и за она што не го кажувате"

Многу е пишувано за наследството на Мартин Лутер. Таткото на реформацијта епознат по многу работи - неговото пркосење на католичката црква, поставувајќи некои од основите за протестантската теологија и формирање на лутеранска традиција.

 

2


Тој бил комплексна и контроверзна личност, а истото важи и за она што го остави позади себе. 470 години после неговата смт, тој се'уште има важно влијание врз црквата. Во негова чест, ви ги нудиме некои од неговите највлијателни мудри мисли.

За молитвата


„Да се биде христијанин без молитва не е можно повеќе отколку да се биде жив без дишење“.

„Имам толку многу што треба да направам што ќе ги поминам првите часа во молитва“

За искажувањето на мислењето


„Не само што сте одговорни за она што го кажувате, туку и за она што не го кажувате“.

За верата


„Верата е жива, смела доверба во Бога, толку сигурна што човек може да го даде својот живот за неа илјада пати“.

„Не го знам патот кон кој ме води Бога, но го знам мојот водич“.

„Сум држел многу работи во моите раце, и сум ги изгубил; но што и да ставам во рацете на Бога, јас се'уште го имам“.

За гревовите


„Повеќе сум исплашен од моето срце отколку од папата и сите негови кардинали. Во мене го имам големиот папа, себеси“.

„Бидете грешник и грешете, но уште посилно имајте верба и радувајте се на Исус“.

За Светото писмо


„Библијата е жива, таа ми зборува; има нозе, трча по мене; има раце, ме држи“.

„Ако сакате да ја протолкувате добро и самоуверено, замислете си го Исус пред вас, бидејќи тој е човекот на кого се однесува, секое делче од неа“.

За служењето на другите


„Еден христијанин е најслободен од сите, предмет на никој; еден христијанин е најстарио верен слуга на сите и предмет на сите“.

„Секој кој ќе го пронајде Исус прво ја пронаоѓа црквата. Како некој може да знае каде е Исус и која вера е во него ако не знае каде се неговите верници?

За њубовта


„Затоа, можеме да заклучиме дека сите закони, човечки и божествени не треба да се поврзат и да одат подалеку отколку што оди љубовта. Љубовта е да се биде толкувач на законот“.

За тешкотиите

„Луѓето зборуваат глупаво кога го припишуваат гневот и нетрпеливоста дека ги навредува. Болката ги не ги прави луѓето нетрпеливи туку докажува дека тие се нетрпеливи. Затоа секој треба да учи од болката и од што се состои нивното срце“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура