X
 06.07.2016 Култура

Композиторот на музиката во "Game of thrones" раскажува како е создадена "Light of the seven"

1

 

[Внимание: Спојлери од 6-та сезона на „Game of thrones“]


Композиторот на песните на „Game of thrones“ открива како два гласови и пијано придонеле за создавање на една од најтензичните епизоди.

Организирањето на нападот со пожар е напорна работа, дури и ако Серсеј Ланистер направи да изгледа и тоа како лесно.

Почетните минути од финалето на 6-та епизода во центар ја става Серсеј и како таа буквално ги „избриша“ нејзините непријатели со флуоресцентен оган, заплет кој полека се развивал во текот на напнати 10 минути. Огнот ги зафати Марџери Тајрел, Хај Сперору и многу други. Далеку од огнот, децата грозоморно го пробудуваат Гранд Маестер Пајсел и го рануваат Лансел Ланистер.



Помеѓу многуте архитекти вклучени во пожарот, композиторот на „Game of thrones“ Рамин Џавади не може да остане занемарен. Тој создава ново парче музика наречено „Light of the seven“ токму за оваа сцена. Во деновите кои доведоа до финалето, присуството на Џавади на социјалните медиуми беше прилично тивко. „Со емитувањето на финалето, мојот профил на Твитер стануваше се' поблокиран“.

Еве што Џавади во интервју за Холивуд репортер кажува за компонирањето на „Light of the Seven“ како и целиот музички јазик што тој го користи.

Кои беа твоите првични идеи кога пристапи до ова парче?

Интересно за мене беше користењето на пијано. Кога започнавме со сезоната, Дејвид Бениоф и Ден Вајс заедно со Мигел Сапочник, режисерот на епизодата, ми рекоја: „Нешто доаѓа во 10-та епизода“. Разговараавме за „The light of the Seven“ и како требаше да биде ново парче музика. „Што велиш за користење на пијано?“, ми рече Мигел. Дискутиравме околу тоа. Пијаното и не е баш вистинскиот јазик за „Game of thrones“. Постојано дебатиравме, и потоа се одлучивме за орган, кој го искористивме минатата сезона со Серсеј и нејзината „Прошетка на срамот“ и некои од другите сцени додека таа е во затвор. Но, пијаното беше новиот инструмент. Она што ми се допаѓа кај оваа серија е што има елементи на фантазија, па во историјата на серијата, имав можност да се забавувам со инструментите. Затоа реков, зошто да не? Ајде да се обидеме со пијаното. Експериментиравме дури и со харфа, но харфата не беше толку „прогонувачка“ колку пијаното.

Пијаното свири на хармоничен начин. Редоследот се гради, па така ликовите имаат малку информации, па многу информации - за повеќето од нив, тоа е малку предоцна. Се' се сведува на потивките тонови на пијаното, кои постепено стануваат посилни се' до моментот на откривањето.


Токму така. Пијаното има огромен динамичен опсег кој го нема друг инструмент. Може да свири многу ниско и многу високо. Она што е одлично за сцената е тоа што скоро немаше дијалог, а долга е 9 минути. Знаев дека морам да започнам со минималното и да оставам простор. Прво нотите да започнат, па да оставам простор, па да го изградам исчекувањето. За ова парче музика имаме орган, виолончело и соло виолина. Големиот оркестар и жиците не доаѓаат се' до последната минута.


„Game of thrones“ нема дигитален часовник на нуклеарната бомба каков би се видел на „24“ на пример, меѓутоа жиците го сигнализираат финалното одбројување до експлозијата.


Точно. Беше неверојатна можност да се има долга секвенца која може да донесе ваква музика. Во историјата на „Game of thrones“ постојат многу секвенци кои се без музика. Серијата е многу прецизна за тоа каде доаѓа музиката, а каде не. Ретко имаме долги парчиња музика како оваа. Оваа сезона мислам дека имав повеќе од било која друга сезона, дури и во почетните епизоди, на пример сцените со Ходор, како и епизодата „Battle of the Bastards“. Тоа е секвенца од 22 минути.

Вокалите доаѓаат токму кога децата започнуваат да го прободуваат Гранд Маестер Пајсел. Дали можете да го кажете потеклото на идејата?

Идејата дојде откако започнавме да разговараме за тоа концептуално. „Што мислите за пијано? Што мислите за орган?“. Јас реков: „А што со овие деца? Имаме деца кои трчаат наоколу. Што мислите за соло вокали? Вокали од момчиња?“ Такашто, кога овие вокали доаѓаат, тогаш го гледате ножот. Тие додаваат друго ниво на ова незаборавно искуство. Гласовите се на две момчиња. Не голем хор. Две соло момчиња кои пејат.

 

2


Само две? Звучи како група!

Двете момчиња пејат во дует, па затоа можеби звучи помасивно. Од време на време тие не пијат иста нота, со што се создава тензија.

Органот упаѓа скоро истовремено со смртта на Пајсел, а потоа настанува тишина кога Лансел Ланистер се наоѓа во темнината, повикувајќи го детето. Се враќа откако Лансел е прободен од момчето и се префрлува во верзија на темата на „Game of thrones“.


Да. Сцената носи многу различни моменти кои се случуваат истовремено. Одредени ликови се малку понапред од другите во одреден период. Кога доаѓа до Лансел, тој се'уште не знае за прободувањето кое се случува на друга локација и тој гледа наоколу и се прашува зошто уште го следи момчето и што се случува. Потоа тој е прободен, и органот повторно започнува да свири.

Интересен момент е тоа што не сакате да ги откриете било кои теми на ликот; откако ќе ја слушнете „The Rains of Castamere“ на пример, ќе знаете дека ова беше заговор на Ланистер.

Знаевме дека не можеме да свириме Ланистер тема бидејќи иако сцената е за неа и за нејзиното судење, би било премногу. Особено кога секој забележува дека таа не е тука. Со тоа веднаш ќе им кажевме на луѓето дека таа има нешто испланирано. Затоа направивме свесна одлука да имаме ново парче музика кое ќе биде минимално на почеток, за да се чувствува како секој да чека нешто, а да не знаеме што е тоа.

Дали имавте во план одредени патувања на поединци во текот на сцената - како што е примената на измените на пијаното како што Марџери чувствува дека постои опасност?


Да и не. Кога сцената се менува и го прикажува прободувањето, а веднаш потоа Марџери, таа се'уште не знае што се случува. Тие се'уште чекаат одговор. Знаевме дека музиката мора повторно да се смири. Морав да ја повлечам назад, и токму тогаш се вративме назад со пијаното каде бевме на почетокот, но со малку повеќе елементи бидејќи навлеговме во главниот дел и моравме постепено да се искачуваме.

Дали можеш да не' водиш низ снимањето на парчето?


Дефинитивно беше составено. Момчињата ги снимив одделно. Жиците ги снимив заедно. Дури и соло инструментите ги снимив одделно - соло виолините и соло челата се снимени одделно. На пијаното свирев јас, како и на органот.

Значи не само што воведовте нов иструмент со пијаното, туку и физички вие го донесовте во серијата.

Сакам да ги свирам моите дела. И тоа го правам често. Во тинејџерските денови и на факултет, доста свирев. Ако имав време, ќе свирев почесто. Немам секогаш можност да снимам толку многу. Ако постои инструмент на кој јас ќе можам да свирам, тогаш свирам и навистина уживам.

Дали компонирањето оваа сезона беше различно од претходните сезони?


Дефинитивно. Мислам дека износот на чиста музика оваа сезона беше поинаков. Историски гледано, почетните епизоди имаа малку полесна музика. Кон 9 и 10 навлегуваме во финалето. Секогаш имаме големи знаци во тие епизоди. Но оваа сезона имав големи музички моменти порано, бидејќи приказната е на толку високо ниво. Проширена е толку многу што постојано имавме големи моменти. Сите моменти со Денерис, како на пример кога ќе ја запали колибата и кога ќе лета со змејот, моментот со Ходор во 5-та епизода. Сите овие би можеле да бидат финални парчиња. Сите беа големи парчиња и музички имав можности за големи оркестри и хорови.

Колку си задоволен со реакцијата на музиката?

Реакциите се одлични. Она што го сакам кај „Game of thrones“ е тоа што секогаш приредува изненадувања. Секоја сезона се вртат прашањата: „Кој ќе умре сега? Што ќе направат следно?“ Истото морам да го направам со музиката. Во минатото, имавме изведби од различни бендови како „Rains of Castamere“, па доаѓаше прашањето: „Кој бенд ќе биде оваа сезона?“ Сега немаме бенд, но има ново парче музика со нови инструменти кои никогаш сме ги немале претходно. Ги изненади луѓето, а мене тоа ми се допаѓа.

Дали сте подготвени за „The Light of the Seven“ хеви метал верзија?

Не сум размислувал за тоа. Но мислам дека би било одлично парче музика. Можам да го слушнам во главата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура