X
 07.07.2016 Образование

Реакции за измените во екстерното: Што е промената ако оценките од екстерните тестови влијаат при уписот во средно и на факултет?

Зошто воопшто се прават измени во законите кои се однесуваат на екстерното тестирање кога останува најгорливиот проблем- екстерните оценки ќе влијаат при уписот во средното училиште и факултет? Како е можно оценката да не влијае на средниот успех, а да се брои при успехот потребен за следното ниво на образование? Ова се двете главни дилеми кои ги мачат родителите, наставниците и учениците откога вчера се изгласаа новите измени во Собранието.



Имено, пратениците во скратена постапка вчера ги усвоија законските измени за основно и средно образование, со кои се предвидува тестирањето да започнува од 6 одделение, а не од 4-то како досега, а оценките од него нема да стојат во сведителството на ученикот туку во посебен додаток. Иако овие оценки нема да влегуваат во општиот успех на ученикот, тие бидат пресудни при уписот во средно училиште или на факултет, тогаш кога ќе се пријават кандидати со ист број бодови. Ако се знае дека во најпопуларните средни училишта во земјава и на факултетите се пријавуваат многу ученици и средношколци со ист број на поени, сепак за влез таму, пресудни ќе бидат токму резултатите од екстерното тестирање.

- Екстерното тестирање предизвика бројни проблеми во образованието, пред сè стресови и кај учениците и кај наставниците откако се воведе. Тоа што постојано се носат некакви измени, се менуваат правилата говори за тоа колку е несоодветно смислено и нефункционално. Ако се сеќаватте првично оценките воопшто не требаше да влезат во свидетелствата, беше најавено како проверка на работата на наставниците,и многуте петки, па потоа стана нешто сосема друго. И сега, последните измени, дека нема да ги има во свидетелство, но сепак ќе влијаат при уписот во понатамошното образование е нелогична одлука. Единствено добро решение е што ќе се применува од шесто одделение. Но, повторно се поставува прашањето за кого сега е наменето, што треба ова тестирање да покаже или да долкаже - вели наставничката Драгана Симоновска.

Родител кој сакаше да остане анонимен ни кажа дека пред една година, ќерката која е супер одлична, поради една оценка добиена на екстерно не успеала да се запише во скопската гимназија Корчагин.

- Целото основно образование учеше редовно, посветено, сите петки од прва до последна.Доби четворка на екстерното тестирање и не успеа да се запише во Корчагин. Не можам да ви опишам какво разочарување доживеа, колку стресови преживеавме сите. И секако не учи во гимназијата за која отсекогаш сонуваше да се запише и се подготвуваше цело основно образование. Кој сега на ќерка ми ќе и врати за ова. Екстерното одлучува за човечки судбини за жал- вели овој револтиран родител.

Професорката Гордана Атанасова, која предава во средно училиште се прашува истото, кој ќе ја надомести штетата по учениците од брзоплетите одлуки во образованието кои важат за едни генерации, но не и за другите.

- И оваа одлука од вчера е брзоплета и не се размислило добро. Како може оценката да не влијае на општиот успех, а пак да се брои кога се во прашање уписите? Ако кандидатите имаат ист број на поени, треба да се прави некакво тестирање во училиштата и на факултетите, а не есктерното да биде пресудно. Тоа е фер игра, а не ова. Сметам дека треба да се направи пауза од екстерното тестирање. Да се смисли систем кој ќе е функционален, кој нема да биде стресен за сите кои засегнати од него. Се работи за многу специфично тестирање кое мора добро да се организира и да се концепира. Вака не оди и само полошо ќе биде - вели Атанасова.
Подготвил: М.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование