X
 08.07.2016 Технологија

Нова одлука на ОН: Забранувањето на пристапот до интернет е кршење на човековите права

Пристапот до интернетот е човечко право. Забраната за пристап до интернетот е кршење на човечките права, но ние на овие простори тоа нема да го сфатиме бидејќи засега ништо не ни пречи во користењето на мрежите. Освен, секако, понекогаш брзината.

 

интернет


Советот за човекови права на Обединетите нации изгласа необврзувачка одлука со која ги осудува земјите кои намерно го попречуваат пристапот до интернетот на своите граѓани. Со тоа тие се доследни на нивните изјави поврзани со дигиталните права кои сите треба да ги имаме. Секој човек треба да има еднакви права и во реалниот свет и онлајн, а тоа најмногу се однесува на слободоата на изразување, која е наведена во членот 19 од Универалната декларација за човекови права.

Можеби некој ќе го сфати тоа како неприкосновено право да се напише било што без оглед на тоа колку е глупаво, но генерално - непишаното правило „немој да бидеш идиот“ секако помага во моралното изразување на интернет.

Се разбира, одлуката не ја поддржаа земјите како Русија, Кина, Саудиска Арабија, Јужна Африка и Индија.

Одлуката е необврзувачка бидејќи одлуките како неа не можат законски да се спроведат ниту казнат, но можат да извршат притисок врз владата и да дадат поголема сила на оние кои се залагаат за дигиталните прават.

„Разочарани сме затоа што демократијата во Јужна Африка, Индонезија и Индија гласаа за непријателски амандмани за да се намали заштитата на слободата и изразувањето онлајн. Пристапот заснован на човековите правата, со цел да се обезбеди и прошири пристапот до интернетот е основано на веќе постоечките меѓународни обврски за човековите права. Сето ова е важно за постигнување на Агендата 2030 за одржлив развој и ниту една земја не би требало тоа да го оспорува“, изјави Томас Хјуџенс, кој е извршен директор на „Article 19“, британска организација која промовира слобода на изразувањето и информирањето.

И самиот претседател на Америка, Барак Обама изјави дека денес широкопојасниот интернет со голема брзина не е луксуз туку потреба.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија