X
 15.07.2016 Образование

Запознајте го 68-годишниот ученик кој ве советува дека никогаш не е доцна

Секое утро, Дурга Ками ја става неговата училишна униформа и се подготвува за уште еден училишен ден. За разлика од другите негови соученици во 10-то одделение, Дурга Ками има 68 години.

 

4


Татко на шест деца и дедо на осум внуци, Ками живее сам во Суанга, Непал. Тој пораснал во сиромашно семејство такашто неговото семејство не можело да го пушти на училиште.

Иако не можел да го заврши неговото образование, Ками никогаш не се откажал од неговиот сон да се образува и еден ден да стане наставник. Откако неговата сопруга починала, пред 15 години, тој одлучил да се врати на училиште. Тој дури и добил стипендија која ја покрива неговата униформа и училишен материјал.

Сега е во 10-то одделение, а неговите соученици го нарекуваат Баа, што значи татко на непалски јазик. Освен што има фантастична брада, внуци и децении животно искуство, Ками е сличен на неговите соученици.

Шест дена во неделата тој пешачи повеќе од еден час за да стигне до Шри Кала Бхаираб училиштето. Ками сака да биде активен на час и не се срами да побара помош кога му е потребна. Тој дури игра спорт со неговите пријатели за време на одморите.

 

1


Како што вели тој, неговиот план е да учи останатиот дел од неговиот живот. И не само тоа, тој се надева дека ќе ги охрабри и другите да се вратат во училницата и да ги подобрат своите животи преку образованието.

„Ако видат дека стара личност со бела брада како мене учи на училиште, може да се доволно мотивирани да го направат истото“, вели Ками.

Иако има уште многу за да стигне до наставник, Ками веќе не' запозна со една од најголемите лекции на животот - тој е жив доказ дека никогаш не е доцна.

 

3

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование