X
 16.07.2016 Живот

Причините поради кои турската војска се одлучи за државен удар и како Ердоган се одбрани?

Вчера вечер турската војска се обиде да изврши пуч врз државата. Вакво нешто се случило уште од времето на основачите на Република Турција, Мустафа Кемал Паша, подоцна наречен Ататурк и со овој удар бил поставен темелот на демократијата.

 

puc


Тоа значи дека воените удари (последниот на почетокот на 80-те години на минатиот век) успеале да ја рушат владата за која оцениле дека се движи кон авторитаризам или отстапува од секуларизмот.

Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган направи две работи откако дојде на чело на Турција во 2002 година - малку по малку, со економско закрепнување, успеа земјата да ја воведе во притаена исламизација со што предизвика остри реакции кај војската. Но, во текот на преговорите за влегување во ЕУ мораше да се воспостави цивилна контрола над војската такашто се чинеше дека Ердоган успеа војската да ја стави под своја контрола - на почетокот на оваа деценија дури и организира судски процес против воените лидери, обвинувајќи ги дека се обидуваат да го нападнат. Тогаш војската не реагираше.

Сега Ердоган исламизацијата ја постави како еден од столбовите на својата политика, а од друга страна започна полициски процес на трансформација на земјата во полу-парламентарен систем за формално да ја преземе власта. Тој ги прекина преговорите со Курдите и со тоа ја врати земјата во состојба на граѓанска војна во која војниците умираа речиси секојдневно, а Турција, поради неговата попустлива политика кон исламската држава, се најде и под нивниот терористички удар (последниот беше крвавиот напад на аеродром во Истанбул). Кога на сето ова ќе се додаде контроверзната политика кон Сирија која ја доведе земјата во конфликт со Америка, станува јасно зошто армијата се одлучи за ваков силен чекор.

 

Кој стои позади државниот удар?


Сега засега, постојат информации дека меѓу водачите се еден советник, еден полковник, еден потполковник и еден мајор. Извори блиски до претседателот Ердоган изјавија дека позади државниот удар стои неговиот најголем непријател Фетула Гулен.

На чело на бунтовниците стои поранешниот правен советник на Генералштабот на вооружените сили на Турција, полковникот Мухарем Коше.

Фетула Гулен е контроверзен проповедник кој живее во Америка. Движењето Хизмет е голем критичар на секуларизмот во Турција и заговорник за придружување на земјата кон Европската Унија. Гулен претходно ја поддржуваше владата Реџеп Ердоган, меѓутоа денес се во конфликт. Турските власти на 19 декември 2014 година против Гулен била издадена потерница затоа што наводно е „лидер на терористичка организација“, а турскиот претседател го смета за негов најголем непријател.

Како Ердоган успеа да ги одбрани Истанбул и Анкара?


Во три часот наутро, Ердоган пристигнал на аеродромот во Истанбул и одржа говор, велејќи дека овој пуч е „божји дар“ затоа што турската војска сега се исчисти од бандите. Тој пучот го нарече предавство.

Разузнавачките служби соработувала со вооружените сили, полицијата и владата против „предавниците“, особено во операциите во Истанбул и Анкара, со што ова било извор кој придонело владините сили успешно да се одбранат против државниот удар.

Граѓаните синоќа излегоа на улиците на Истанбул и Анкара. Дел од нив беа против државниот удар, додека дел се приклучија на армијата. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот