X
 18.07.2016 Живот

Мапа која го покажува нивото на закана од тероризам низ светот

Kaко последица од нападот во Ница на Денот на Бастилија, потврдено е дека 84 лица се убиени, а 52 се во критична состојба. Човекот кој го возеше камионот е Мохамед Лахоуаиеј Боухел, 31 годишен француско-туниски човек.

 

мапа


Иако Мохамед ѝ бил познат на полицијата поради бројни прекршоци, тој дотогаш немал никаква поврзаност со тероризмот, ниту пак покажал некои знаци на екстремизам.

Водечката, независна советодавната група за управување со ризици (The Risk Advisory Group) создаде мапа со информации за нивоата на закана од тероризам за земјите низ светот - проценките се направени од нивните безбедносни служби и службите за разузнавање (SIAS).

Нивоата на SIAS се веројатна проценка на непријателската дејност од страна на терористите, дефинирајќи го тероризмот како чин или закана за насилство кое е политичко, религиозно или идеолошко мотивирано. Нивоата ги проценуваат намерите и способностите на терористичките групи и поединци врз основа на познати и изјавени намери, анализирајќи ги нивните идеологии, цели, стратегии и претходни активности.

Тие исто така го земаат во предвид интензитетот на намера и нивото на посветеност како и планираната големина, тежина и непријателска акција.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот