X
 22.07.2016 Образование

Одличен пример за писмо во кое изразувате благодарност за интервјуто за работа

Писмата во кои изразувате благодарност за интервјуто за работа се тешки за пишување, без разлика на тоа кому му ги испраќате. Секако дека секој од нас сака да се претстави во најдобро светло како и да покаже дека е ентузијастичен кога станува збор за работата за која аплицирал.

 

писмо


Доколку ви е потребна малку инспирација, тогаш погледнете го шаблонот во продолжение кој не само што покажува како треба да изгледа едно вакво писмо туку и ги објаснува причините позади различни делови од писмото.

 

pismo


1. Поздравувањето има професионален тон -
Бидејќи не знаеме дали лицето кому му се обраќаме дали е во брак или не, ова е одличен начин за обраќање.

2. Параграфот со кој го отворате писмото треба да го привлече вниманието - Овде лицето се заблагодарува и не само за интервјуто туку и за пријатната, релаксирана природна средина создадена од работодавците. Комплиментите ќе го натераат читателот да продолжи да чита.

3. Земете го во предвид изборот на зборови - Избегнувајте сленгови, пцости и дијалект. Користете термини кои ја одразуваат бизнис средината за отворената позиција.

4. Телото на писмото е директно - Иако го потсетува работодавецот за специфични теми за кои се дискутирало во текот на интервјуто, не се оддалечува од целта.

5. Секогаш вклучувајте специфични референци кои ќе му помогнат на работодавецот да се сети на вас -
Голема е веројатноста работодавецот да интервјуирал голем број кандидати во текот на денот.

6. Завршниот параграф го резимира целото писмо и јасно истакнува кога треба да се донесе одлука -
Професионализмот на работодавците ќе ги натера да одговорат во рамките на крајниот рок.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование