X
 22.07.2016 Култура

Што треба да знаат Американците кои на претседателските избори ќе гласаат од странство?

Претседателските избори на 8 ноември во Америка се приближуваат - што Американците во странство треба да знаат за гласањето од други земји?

 

гласање


Дури и оние кои не живеат во Америка со години, овие избори се различни од сите претходно. Постојат толку многу Американци кои чувствуваат потреба да се слушне нивниот глас.

Десетици илјади Американци гласаа од странство за изборите во 2012 година, и велат дека процесот е многу поедноставен отколку што некој би помислил. Еве што треба да знаат сите американски гласачи во странство за гласањето во 2016 година.

1. Гласањето е процес од само два чекори

Прво, регистрирајте се да гласате и побарајте го вашето гласачко ливче. Ова се нарекува „Federal Post Card Application“ (FPCA), а можете да го добиете на FVAP.gov. Откако сте таму, изберете ја државата или територијата каде последен пат сте престојувале или каде вашите родители престојувале.

Можете да користите онлајн асистент кој ќе ви помогне да го пополните формуларот. Можете и да го испечатите и рачно да го пополните. Потоа треба да го испратите до канцелариите на FPCA.

Ако сакате да учествувате на изборите на 8 ноември, најдобро би било да го испратите најдоцна до 1 август, 2016 година.

Второ, кога ќе пристигне вашето гласачко ливче, пополнете го и испратете го до вашата избирачка канцеларија. Не заборавајте да се потпишите на писмената изјава дадена во прилог.

За изборите потребно е да го испратите гласачкото ливче најдоцна до 15 октомври 2016 година.

2. Можете да гласате од било каде

Без разлика дали сте Американец кој живее во Франција, Германија, Шпанија или Велика Британија. Можете да се регистрирате и да го барате вашето гласачко ливче да биде испратено било каде во светот.

3. Можете да добиете помош за пополнување на FPCA онлајн


Онлајн асистентот на FVAP ви нуди совети за тоа како да го пополните формуларот. Со тоа самите си го олеснувате процесот.

Кога ќе завршите, можете да ја преземете формата, а се' што треба да направите е да испечатите, потпишите и испратите. Вклучени се сите инструкции за тоа како и каде да го испратите (меил, пошта или факс).

4. Во ред е ако не го добиете гласачкото ливче навреме

Ако не го добиете гласачкото ливче навреме пред крајниот рок, нема проблем. Земете Federal Write-In Absentee Ballot (FWAB) од FVAP.gov. Пополнете го и испратете го како обичното гласачко ливче. И за ова постои онлајн асистент.

5. Можете да го проверите статусот на вашиот глас

Сакате да се осигурате дека предизборната канцеларија го добила вашето гласачко ливче? Можете да го проверите статусот на FVAP.gov и да видите кога ќе го добие.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура