X
 25.07.2016 Технологија

Кои апликации и интернет-страници ги користат децата како замена за Фејсбук?

Иако сте застарени со технологија, сепак не мора да ги знаете сите „за“ и „против“ на следните апликации, страници и зборови кои што се актуелни сега. Но основите може да направат разлика помеѓу позитивното и негативното искуство за вашето дете.


1. Kik Messenger е апликација која ви дозволува да пишувате пораки бесплатно. Брзо е и нема ограничување на пораките и нема ограничување на букви. Бидејќи е апликација, пораките нема да се појават во мобилниот сервис за пораки, и нема да ви бидат наплатени.


2. WhatsApp дозволува на корисниците да праќаат пораки, аудио пораки, видеа и слики на луѓе без ограничувања или доплатувања.


3. GroupMe е уште една апликација која не ви бара доплатувања или има граници за поединечни или групни пораки. Корисниците може да праќаат и слики, видеа и линкови од календар.


4. Instagram дозволува на корисниците да сликаат и да објавуваат слики и 15 секундно видео, или јавно или во приватна мрежа на следбеници. Ги спојува најпопуларните карактеристики на една социјална мрежа: објавување, гледање и коментирање на слики. Исто така дозволува интересни филтери и ефекти за вашите слики, правејќи ги со јака резолуција и артистични.


5. Tumblr е нешто измеѓу блог и Твитер. Тоа е колаж од текст, слики и/или видеа и аудио клипови. Корисниците создаваат и следат кратки блогови, односно „тамблогови“ кои може да бидат видени од сите (секако доколку дозволите). Многу тинејџери имаат тамблогови за лично користење: објавување слики, видеа, музика и работи кои ги сметаат за смешни со нивните пријатели.


6. Twitter е алатка за микроблогирање кои ви дозволува да објавите порака од 140 симболи - наречени „твитови“. Не е само за возрасни, тинејџерите го користат за објавување ситници и да бидат во тек со вестите и славните личности.


7. Musical.ly е мрежа за видео објавување каде обично има тинејџери кои пеат плејбек на познати песни но исто така има и оригинални текстописци и пеачи.


8. YouNow: Broadcast, Chat and Watch Live Video е апликација која дозволува на децата да гледаат настани во живо. Како што гледаат, може да коментираат или да купуваат златни плочки и да ги дадат на други корисници. Целта е да се постигнат многу гледачи и да се зголемува базата на фанови.


9. Live.ly - Live Video Streaming ги пружа сите ризици како и сите останати сервиси за пренос, како слаб избор, премногу објавување и зборување со странци.


10. Burn Note е апликација за пораки која ги брише пораките после одреден временски период. За разлика од другите апликации, таа има граница на пораки, и корисниците не може да праќаат слики или видеа.


11. Snapchat е апликација која дозволува да ставите временска граница на сликите и видеата кои ги праќате пред тие да исчезнат. Но, многу тинејџери ја користат апликацијата да објават смешни и срамни слики без да се плашат да се појават јавно.


12. Whisper е социјална „исповедна“ апликација која дозволува на корисниците да објават се што им е на ум, во пар со слика. Со емотивните хормони активирани кај тинејџерите, имајќи анонимен профил им дава слобода да ги споделат своите чувства без да се плашат од предрасуди.


13. Yik Yak е бесплатна социјална мрежа им дава на корисниците да објават коментари, слични како Твитер, а 500 географски најблиски Yik Yak корисници до вас. Децата може да најдат мислења, тајни, гласини итн. Плус го имаат задоволството знаејќи дека тоа дошло од 1 километар радиус.


14. MeetMe: Chat and Meet New People - самото име кажува се. Иако не е означена како апликација за љубовни состаноци, оваа апликација има опција за тајни обожаватели.


15. Omegle е страница за разговори кои ги става двајца странци заедно по нивни избор во текст разговор или видео разговор соба. Да се биде анонимен е многу интересно за тинејџерите, а Омегле пружа шанса за правење пријателства.


16. Tinder е апликација за љубовни состаноци со слика или пораки, и која пребарува слики од потенцијални луѓе во околината на корисникот. Многу е популарна за луѓето во своите 20ти, и е начин за запознавање на нови луѓе за кратка или долга врска.

Доколку ги користите вие или вашите деца сите овие апликации правилно и со малку претпазливост, се би било во ред.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија